Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Комплетната проектна документација за Универзитетот на ЈИ Европа во Тетово е изработена според строгите стандарди во Европската унија. Освен квалитетот на самите градби, приоритет беше и рокот за завршување.

 

Здравството во светот е сé повеќе заинтересирано за темата Здрав Хабитат и градење одговорно, со здрави и квалитетни материјали. И во Македонија, првата приватна општа болница Ремедика си постави за цел високи стандарди во здравството, за доброто на сите нас. Тука спаѓаат и одбирање на проверени, нови и реномирани произведувачи на градежни материјали и системски решенија, како што е Кнауф. Имено над 90% од целата болница е преградена со гипсени плочи или другите ѕидови се обложени со Кнауф системски решенија за прегради.

По влегување во болницата се забележува веднаш инаквоста –модерни ентериерни решенија, современа технологија од светски производители, љубезен персонал, внимателно избрендиран простор во препознатливите портокалови тонови. И рационално искористен простор без да влијае на просторноста на амбиентот.  И сето ова овде, на интимна локација, а сепак на само неколку километри од самиот центар на Скопје.

Ме дочекаа срдечно г-ѓа Елица Јорданова, престедателот на бордот на Ремедика, како и г-дин Благоја Марковиќ, архитектот и надзорот при повеќето од изградбата на болницата.   

„Идејата за ваква инвестиција во Македонија – отворање на општа приватна болница потекнала од актуелната состојба на здравството во Македонија.  За разни здравствени потреби се одело надвор што секако бил потфат за што е потребно доста време и финансиски средства. Станувало збор за немање избор во нашето здравство. За нивото на услуга во јавните болници зборувано е многу: услугата и достоинственоста во односот кон пациентот во Ремедика е императив“.

Одлуката да применат повеќе системи на Кнауф во болницата била донесена во комуникација со експертите од градежништвото, а со намера да се применат најнови и современи начини на градба. Исто така императив бил и градењето да биде со поголема брзина, лесно, ефикасно и чисто. Се избегнало градење на нови ѕидови со цигли и нанесување на малтери бидејќи било покомплицирано и поспоро. Друга многу важна работа која одела во прилог на употребата на методите на сува градба бил пристапот до разните нови инсталации што се воведувале во болницата – поставувањето на електрични, телекомуникациски и други инсталации било значително олеснето, но и практично за во иднина во смисла на достапноста до истите. ‘Згора не сé и естетиката ги задоволуваше сите наши очекувања; сега насекаде имаме идеално рамни ѕидови кои ние после инспирирани ги обоивме во различни бои на секој спрат... ‘

Еден посебен Кнауф систем е вграден во одделот за мамографија каде се употребени специјални гипс прегради со вградени оловни плочи заради заштита на вработените во одделот од зрачење на зраците внатре.

„Едноставно ова е инвестиција во хумана насока што нé прави посебно среќни“, изјави г-ѓа Јорданова на разделбата.

Им посакуваме многу успех.

 Роберт Смилески







 



 
  назад



                  Knauf © 2010