 Експресно се изведоа 29 објекти со вкупна
површина од 15.000м2 Еден нов поинаков начин на монтажна градба, со
тн. крупни панели... Индустриски се формираат
цели ѕидови, фасадни и внатрешни, како сендвичи
од дрвена носива потконструкција и Кнауф плочи.
На веќе изработен фундамент се поврзуваат
панелите и објектот е веќе затворен.
Фасадните ѕидови се обложени со контактна фасада
Кнауф Thermosystem, која делумно беше изведена
фабрички, а еден дел се работеше на лице место.
Следат монтажни работи: Кнауф спуштени тавани со
кои се целата меѓукатна конструкција се
заштитува од пожар.
Подовите се изведоа со Vidifloor плочи 12,5мм -
систем F135. Во приземјето, заради топлотна
изолација, подот се постави врз изолација од
стиропор, додека на спратовите тоа не беше
неопходно. Завршната облога од линолеум одлично
се лепи на идеално рамните површини на подот.
Во училниците и амфитеатрите, онаму каде што е
потребна акустика, се употребија акустичните
Кнауф перфорирани плочи. |