Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Најразличните барања на инвеститорите и проектантите, решавње на противпожарната, топлотна и пред се звучна заштита, изведба на репрезентативни ентериери и секако брзината на градба го наметнаа Кнауф како единствена алтернатива во хотелската изградба.

 

Хотел Александар Палас, Скопје

Една од позабележаните инвестиции во хотелската изградба; замислен како хотел кој ќе пружи највисок комфор, претставува предизвик како во поглед на содржините, но пред сé во квалитетот на градбата. Ентериерот плени со разиграните тавани во повеќе нивоа, со многубројни скриени и вградени светилки. Кнауф спуштените тавани D112 се состојат од стабилна потконструкција која обезбедува рамни и прави површини без пукнатини.

За да се задоволат високите барања за звучна заштита, како ѕид помеѓу хотелските соби и кон ходниците е изведен Кнауф ѕидот W112. Иако дебел само 15цм, ѕидот обезбедува 53 dB звучна заштита кои се неопходни кај хотелите од тој ранг. Истовремено пружа 90 минутна противпожарна заштита.

Хотел Холидеј Ин, Скопје

Реконструкција на постоечкиот хотел, при што дел од преградните ѕидови кои останаа и во новиот објект се обложија со ѕидна облога Кнауф W623 со што се обезбеди соодветната звучна заштита. Другите, новоизведни ѕидови се Кнауф W112 со дебелина 15цм.

Комплетно решение на таваните во салите и влезните партии со Кнауф таваните во повеќе нивоа.

Хотел Југо, Гевгелија

Реконструкција на постоечкиот хотел. Добивката во простор беше еден од императивите при проектирањето. Комплетна изведба на сите преградни ѕидови - систем Кнауф W112 со дебелина 15цм.

Ѕидовите во бањите се изведени како W112 односно W116 - инсталациски ѕидови обложени со Кнауф импрегнирани плочи. За израмнување на постоечкиот под се примени Knauf-Boden-Ausgleichmasse, смеса за фино порамнување на подови 3-15мм.

Хотел Арка, Скопје

Нов современ хотел со модерни архитектонски решенија.

Преградните ѕидови помеѓу собите и кон ходниците се изведени како Кнауф W112. Флексибилни прегради за разиграни простории.

Ентериерот е збогатен со интересни изведби на спуштени тавани D112 во повеќе нивоа.

 



 
  назад



                  Knauf © 2010