Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Старите Египќани ја познаваа тајната на гипсот

За градење и декорација на пирамидите бараа материјал кој може да ги задоволи нивните барања.

 

Производ од природата

Гипсот е потполно природен и здрав материјал
Во меѓувреме поминаа 5000 години, а покрај пирамидите тука се и други помали творби. И вашиот стан е изграден со овој проверен градежен материјал, кој исто така се применува и во медицината. Тоа е доказ дека гипсот е потполно здрав материјал.

Ако се спореди со човечката кожа ќе се види дека тие имаат еднаква pH - вредност.

Гипсот е хемиски елемент кој содржи калциум, сулфур, кислород и молекули на вода.
Преработката на гипсот се состои во одземање и додавање вода.

Гипсената руда се пече на температура од околу 120 – 180ºC со што се добива т.н. штукгипс или полухидрат. Полухидратот и анхидритот се основните сировини за сите гипсени производи. Мешањето на гипсениот прав се изведува автоматизирано во фабрика (производство на гипсени плочи) или рачно на градилиште (гипсани малтери, лепила, смеси за фугирање и глетување). Сеедно, крајниот производ го има истиот состав како и гипсот во природата.






Изедначената клима дава многу предности

Голем придонес за комплетното чувсвство на удобност имаат пријатната клима и чистиот воздух. За да се постигне тоа Кнауф употребува гипс кој повеќекратно придонесува за уднобност и сигурност во живеењето. Од една страна со преносот на топлина, а од друга страна со огноотпорноста при опасност од пожар.

На прв поглед се чини чудно но на човекот не му е потребно надворешно греење за сопствено загревање.Тој сам ја произведува топлината и постојано ја предава на својата околина – дури и во загреаните простории. Најпријатно човекот се чувствува кога разликата на температурата на телото и оклината е мала. Кога во рака се земаат разни материјали лесно се забележува дека според видот на материјалот се разликува и чувството на топлина. Кнауф плочата напр. на допир е топла и дава пријатно чувство.

Пори за удобност

Но и влажноста на воздухот е важна. Во зима би требало таа да изнесува 40-50%, а во лето 50-60%. Гипсените градежни елементи успешно ја регулираат влагата во просторијата. Гипсот е составен од многу ситни пори кои по потреба го превземаат во себе вишокот на влага од воздухот. Кога околината ќе се исуши влагата од гипсот повторно се враќа во воздухот на околниот простор.

Вода која ја врзува енергија

Пожарите често биле причина за страшни последици. Куќи, села и цели градови биле жртва на огнена стихија. Причина за такви последици биле недоволните мерки за заштита од пожар и несоодветниот градежен материјал. Гипсот содржи 20% врзана кристална вода која во случај на пожар може да врзе голема количина на топлинска енергија. Кнауф преградните ѕидови и тавани се изградени од негорив материјал, кој при отворен оган нема мирис ниту испарувања штетени за луѓето и околината.

Изедначената клима дава многу предности

Удобноста и чувството на топлина зависат од:

  • Енергија (= храна) која се доведува во организмот. Во врска со тоа зависат и од производството на топлина во телото и од сопствениот механизам за регулација на топлината
     
  • Размена на топлина на облеката (втора кожа)
     
  • Температура на површината на сите соседни површини на просторијата (трета кожа)
     
  • Типот на изворот на топлината
     
  • Температурата на воздухот во просторијата
     
  • Влажност на воздухот
     
  • Движење на воздухот (промаја, ветар)
     
  • Количината на прашината во воздух











 

 
  назад



                  Knauf © 2007