Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

 

 


Канцеларијата на Кнауф во Скопје, како комерцијално-техничка канцеларија  ги насочува своите активности кон подигање на информираноста , стручноста и обученоста  во делот на сувата градба и примената на фабричките малтери.

Редовните посети кај проектантите, изведувачите и инвеститорите преку размена на информации и стручни дискусии придонесуваат за пронаоѓање на оптимални решенија со Кнауф системите. Постојаниот надзор на објектите е само уште една потврда за грижата на Кнауф кон крајниот корисник/купувач. Со отварањето на новиот Центар за обука се создаваат услови програмата Кнауф уште повеќе да му се доближи на градежништвото. Се организираат стручни собири и симпозиуми на кои се разработуваат различни теми од градежништвото. Преку практични обуки и одржување на семинари Кнауф формира мрежа од квалитетни изведувачи кои може да ги реализираат и најсложените архитектонски замисли. Центарот е место каде средношколците и студентите по архитектура и градежништво, уште за време на своето школување ќе добијат квалитетни информации за современите техники во градежништвото.
 



 
  назад



                  Knauf © 2010