Од почетокот на производството во Австрија 1972
година, Кнауф во сите свои сектори воведува
активно управување со квалитетот. Затоа во 1995
година е направен само мал
чекор до воведување и активна примена на
церифициран систем за управување со
квалитетот според
меѓународните стандарди EN ISO 9001.
Фабриката Кнауф-Радика АД Дебар, како дел од
системот на Кнауф исто така, уште од самиот
почеток, сериозно му се посвети на управувањето
со квалитетот.
Интензивното вклучување на одговорните
раководители на разни процеси во системот на
контрола на квалитетот, за кратко време доведе
до подобрување во идентификацијата со задачите
поврзани со системот. Тоа резултираше со
верификација и сертифицирање на системот за
управување со квалитет според стандардот ISO
9001:2000. На тој начин во иднина се очекуваат
уште подобри резултати во процесот на
континуирано подобрување на системот за
квалитет. |