|

Во
Дебар во просториите на фабриката Кнауф Радика
се одржа 1. натпревар на учениците од трета
година од занимањето Монтер за сува градба. На
натпреварот учествуваа екипите на УСО Нико
Нестор – Струга и ДСГУ Здравко Цветковски -
Скопје.
Секоја екипа се состеше од предметниот наставник
+ 5 натпреварувачи: 3 ќе се натпреваруваат во
практичниот дел и 2 во теоретскиот дел.
Натпреварот имаше едукативно-забавен карактер и
е добра основа за понатамошни средби и дружења
меѓу двете училишта, како и дополнителен мотив
за идните генрации на монтери за сува градба, за
нивно поголемо залагање во текот на школувањето.
Сите учесниците добија Дипломи за учеството и
подароци од Кнауф |