|

Во периодот од 5ти до 10ти Мај
2008 г. се реализира стручната ексурзија „Кнауф
и Партнери 2008“ на која приствуваа 30 архитекти
од Македонија и Србија. Тие заедно со
организаторите, Кнауф Македонија и Кнауф Србија
посетија неколку Кнауф пунктови во Германија од
каде се вратија побогати за нови сознанија и
искуства. На 7ми Мај имаа можност сите да
присуствуваат и на познатата Кнауф Академија во
централата на Кнауф во Ипхофен, Германија.
Како дел од
програмата беа вклучени и посети на фабриката
Кнауф Гипс КГ во Ипхофен каде освен разгледот на
самата фабрика, беа посетени и лабораториите за
испитувања на противпожарна и звучна заштита. Во
гратчето Изерлон ја посетија централата на Кнауф
УСГ Системс каде се одржа семинар за
Aquapanel
цементни плочи, како и самата фабрика.
Освен
стручниот дел партнерите разменија и свои лични
искуства од секојдневната работа со Кнауф
материјалите и пошироко од архитектурата и
градежништвото. Во рамките на екскурзијата имаа
можност да направат и туристичка прошетка низ
убавиот Нирнберг. |