Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

 

 


Кнауф Македонија оваа година имаше чест заедно со врвните архитекти на Македонија да направи обиколка на повеќе референтни објекти на брегот на Црно Море во Бугарија. Групата од 40тина архитекти имаше прилика два дена да се запознае со неколку хотели -референтни објекти на Кнауф Бугарија. При тоа тие се запознаа со повеќе системи за сува градба кои можат да најдат примена и во нивните планови за проектите во Македонија.

Импресиите на архитектите од она што можеа да го видат беа навистина прекрасни. Благодарејќи на таа организирана посета многу од нив веќе добија конкретни идеи кои би можеле да се аплицираат во нивните следни проекти. Покрај презентацијата на објектите, за време на обиколката имаше време и за подобро меѓусебно запознавање, размена на драгоцени искуства и дружба.

И Кнауф Македонија и сите архитекти се надеваат дека оваа пракса на посета на референтни објекти ќе продолжи и во иднина.
 





 
   
  назад



                  Knauf © 2010