|
Во текот на изминатите
години преку еднодневни и дводневни стручни
семинари кои се одржуваа најпрво во центарот за
образование во фабриката во Вајсенбах Австрија,
а од пред две години во образовниот центар во
фабриката во Дебар, потоа на градилиштата, во
складовите и продавниците или во салите на
презентации низ цела
Македонија информирани се и стручно оспособени
повеќе од 1.000 луѓе. Со нашите вкупни
активности остваривме битно влијание на
стручноста на македонските
професионалци. Учебната 2003/2004 година ќе биде
забележана како почеток во професионалното
образование на учениците од 1 до 3 клас прку
наставните планови во државното средно градежно
училиште Здравко Цветковски во Скопје и УСО Нико
Нестор во Струга.
Фирмата Кнауф се гордее со своето
иновациски и развојно насочено производството и
соодветната наобразба. Искуствата покажаа дека
периодичната обука на професионални монтери по пат на
семинари е неопходна за современ пристап кон работата и
за запознавање на нови производи, системи, алати и
техники во работењето. Архитектите и проектантите имаат
можност и практично да ги видат новините од Кнауф и да
се информираат за се “од прва рака”. За персоналот за
продажба исклучително е важно да поседува стручно и
детално познавање од областа на сувомонтажната градба,
за да може на своите купувачи да им даде најдобра можна
советодавна услуга.
Оваа година нудиме три основни
типа на стручни семинари:
- Дводневно школување за монтери во фабриката
Дебар МК V-1
- Еднодневен семинар за трговци во фабриката Дебар
МК H-1
- Повеќечасовни стручни тематски собири за
архитекти и проектанти
Во продолжението може да се
пријавите со необврзувачка пријава за еден од понудените
семинари. Бројот на учесниците на семинарите е ограничен
на 20, термините се одредуваат според пристигнатите
прашалници/пријави, а учесниците ќе бидат навремено
известени. |