Knauf Weltmarktführer in Gipsplatten      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

По монтажата на плочите, исполнување на споевите и местата на шрафење, може да се започне со завршна обработка на површината.

Кнауф плочите се идеална подлога за разни завршни обработки на површината

Целата површина, вклучувајќи ги и фугите, мора да биде сува, цврста и без прашина. Малите нерамнини лесно се отстрануваат со парче шмиргла. При шмирглањето не смее да се оштети картонот.

За грундирање се применува Кнауф Grundiermittel – средство за грундирање или Кнауф Tiefengrud – темелен премаз. Грундирањето ја изедначува апсорпционата способност на картонот и фугираните површини и делува како дополнителна заштита од влага на плочите.
Кнауф плочите може и да се малтерисуваат. Во програмата на Кнауф постојат низа високо квалитетни минерални готови малтери. Пред нанесување плочите се грундираат со Кнауф Putzgrund.
 

 
 



 
Откако ќе се нанесе темелниот премаз Кнауф Tiefengrud, потребно е на местата каде што е предвидено прскање на вода...
...површината на импрегнираните Кнауф плочи треба да се премачка со хидроизолациски премаз Кнауф Flächendicht.
Откако хидроизолацијата ќе се исуши следи лепењето на керамички плочки и декорирање на просторот.

Отсечените места на плочата при продорот на водоводната инсталација како и спојот со подот се премачкуваат со Кнауф Tiefengrud и пред поплочувањето се затвараат со водоотпорен, еластично пластичен дихтунг материјал пр. Кнауф-санитарен силикон.

Молерисување и лепење на тапети се изведува после претходно грундирање со основен премаз Grundiermittel / Tiefengrund.
После нанесувањето на Кнауф Putzgrund (дисперзиска импрегнација).
... може со глетарица да се нанесат разни Кнауф декоративни малтери.

 

Саканата структура се добива со соодветен ваљак
...или глетарица...
...Така се создава удобен простор за живеење.
  назад



                  Knauf © 2007