Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Системското подрачје „Кнауф - чистење и нега“ ќе Ви помогне да го одберете вистинското средство за одржување, кое на површините од клинкер-керамика, керамика или метал ќе им го врати истиот сјај како кога беа нови.



За Вашето купатило, кујна или тераса - со средствата за чистење од програмата на Кнауф се отстрануваат и тврдокорните нечистотии од чувствителните површини. Високо квалитетните средства за нега обезбедуваат долготраен убав изглед на обработените површини. Кои средства се користат за која намена прочитајте во продолжение.
Средство за чистење на цементни дамки
Концентрирано средство за плочки, подни плочи и природен камен. Отстранува наслаги од каменец и други нечистотии, остатоци од цементен филм, исцветување, корозија и.т.н. За внатрешна и надворешна примена. Подлогата треба темелно да се навлажни, средството за чистење да се разреди со вода, во зависност од степенот и видот на нечистотијата, да се нанесе на површината и после кратко делување целосно да се измие. Фугирани површини може да се чистат после 6 недели. Пред тој рок фугите се чистат само со вода

Средство за чистење плочки и санитарии
Создава сјајна површина на разни површини во купатило, WC и во кујна. Чисти дури и наслаги од мокрача и корозија на природниот камен.
Подлогите треба претходно да се навлажат, да се остави средството да делува некое време и потоа потполно да се испере со голема количина на вода. Не се користи на чувствителни површини.

Средство за чистење на подови

Истовремено чисти и негува. Создава заштитен филм против лизгање, кој истовремено ја одбива нечистотијата и дава освежувачка арома. Ова средство е особено погодно за сите видови подови од керамички плочки, клинкер-керамика, терацо, травертин или природен камен. Се додава во водата за чистење. Подните облоги добиваат убава боја и структура и останува свеж мирис на лимон.

Средство за чистење на арматури
Ги отстранува остатоците од каменец, нечистотија или сапун. Активно делува против бактерии и габички по елоксирани и алуминиумски површини, емајл и керамика. Подлогата да се испрска, да се остави кратко да делува и темелно да се испере

 



повеќе
 


повеќе