Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Сувата монтажна градба, а особено примената на системски решенија придонесуваат за попродуктивни и поедноставни изведби во градежништвото.

 

Комплетно задоволување на сите барања

КНАУФ со својот разработен и проверен асортиман нуди производи и системи со кои истовремено може да се задоволат и барањата за звучна, техничка и противпожарна заштита.

Системска заштита од пожар

Ефикасната заштита од пожар бара цертифицирана противпожарна техника. Тука важна улога играат производите од гипс, кои поради својата економичност се повеќе се користат за уредување на внатрешниот простор, а заради својството на гипсот да не гори, истовремено со вградениот систем од гипс се вградува и противпожарна заштита. Кнауф системите ги исполнуваат скоро сите барања за заштита од пожар. Дури и за сложени проблеми и барања тие нудат оптимални решенија, а по потреба се изведуваат специјални противпожарни конструкции.

Топлинска изолација- заштеда на енергија и пари

Лошата топлинската изолација поради зголемената потрошувачка на енергија е многу скапа. Покрај неисправни прозорци и врати, неквалитетно изведените ѕидови истотака придонесуваат за губење на топлина. Високите тавани и слабо изолираните подови се додатни слаби точки за губиток на енергија. Овие недостатоци можат квалитетно, брзо и едноставно и што е исто така важно – ефтино да се коригираат со системите на Кнауф.

Звучна заштита со системите за сува градба

За квалитетна звучна заштита треба да се знае каде е изворот на бучава и по кои патишта се шири звукот. Тоа е особено важно бидејки звукот во голема мера се шири и преку т.н. споредни патишта: преку околните ѕидови, преку подот и таванот, низ вентилациски и електро канали, расветни тела, разни отвори и процепи и сл.

Гипсените градежни материјали се особено поволни за пригушување на бучавата. Заради порозната структура тие спаѓаат во групата на градежни материјали со добри звукоизолациони својства. Кнауф плочите кои во системите се користат заедно со минерална волна покрај добрата звучна пружаат воедно и топлинсказаштита.

 



  назад



                  Knauf © 2010