Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Во куќата или во станот секогаш има нешто да се работи: интервенции на ѕидовите, поправки на подот, средување на поткровјето или санации на разни оштетувања.

 

Градењето со Кнауф системите за сува монтажа нуди многу предности

Често мислиме дека нема крај на работите, но целиот немир и напор брзо се забораваат кога резултатот на работа ќе ја потврди стручноста на “направи сам” мајсторот.

Сувата монтажна градба со Кнауф системите дава повеќе предности. Особено на места каде може да се појават статички проблеми, сувата градба со Кнауф системите е вистинскиот спас. Малата дебелина и тежина на Кнауф преградните ѕидови овозможува едноставно градење и монтажа. Покрај тоа не е потребно штемање, односно дополнително рушење на ѕидовите за вградување на инсталационите водови, бидејќи сите жици и цевки се поставуваат за време на градењето во шуплината на ѕидот или над таванот каде остануваат невидливи. Со ваквата работа е обезбедена чистотата и не постои проблематичен градежен шут. Поради сувата постапка на градење сите површини се готови без дополнително чекање за сушење. Освен тоа гипсот е сигурен градежен материјал со кој секое градење станува вистинско уживање, а заради неговите градежно-биолошки карактеристики значително го подобрува удобното живеење.

За квалитетно изведување на градежните работи поребно е да се има соодветен алат, умешност и квалитетен материјал за работа. Сувомонтажната градба е универзално применлива постапка на градење, од подрум до кров, од под до таван, во новоградбите како и при адаптации и преградувања. Но, индивидуално формираните ѕидни и тавански површини во станот се „само“ видливите страни на вашата работа.

Тоа што не се гледа, а е од голема важност за корисникот е стручната и сигурна изведба, максималната удобност со минимално статичко оптеретување, заштита од бучава, испитана и сертифицирана заштита од пожари како и одлична топлинска изолација. Сето тоа се остварува на едноставен и сигурен начин со помош на осмислените Кнауф системи за сувомонтажна градба. Единствено само со врвен квалитет и сигурност на системот се овозможува долготрајна удобност на живеење со регулирање на микроклимата во просторијата и умерена влага на воздухот.

Основни предности на сувомонтажната градба се:

  • мала дебелина и тежина на преградните ѕидови
  • без статички проблеми на објектот
  • без штемање на ѕидовите за исталациски водови
  • отсуство на вода при градењето
  • помал градежен отпад
  • брзо, флексибилно и економично
  • без сушење, веднаш се продолжува со понатамошна обработка на површината
  • гипсот гарантира здрава клима на живеење



сува монтажна градба
со Кнауф ситемите
 

 



удобно живеење со Кнауф ситемите



 


 


повисок животен
квалитет со
Кнауф ситемите

  назад


                  Knauf © 2007