Што е Кнауф импрегнирана плоча?
Кнауф импрегнирана плоча е гипскартонска
плоча наменета за влажни простории:купатила,
кујни и сл. Се одликува со смаленото впивање
на влага, што се должи на длабинската
импрегнација на гипсеното јадро и
импрегнираниот картон.
Кога споевите на плочите се обработуваат
со Uniflott а кога со Fugenfüller? Двата материјала се користат при исти
услови. При обработка на споевите на плочите
со Fugenfüller задолжително треба да се
користи и бандажна лента, а за обработка на
оригиналните надолжни ивици на плочите може
да се користи Uniflott без бандажна лента.
Која бандажна лента се користи при
обработка на споевите со Fugenfüller? Дозволено е користење на хартиена,
мрежаста или бандажна лента од стаклени
влакна. Предност на хартиената бандажна
лента е едноставното и сигурно надолжно
свиткување за обработка на внатрешните и
надворешните агли на споевите на Кнауф
плочи. Мрежестата лента е најчесто користена
и најпрактична бандажна лента. При тоа треба
да се внимава споевите на плочите да бидат
целосно исполнети со материјал за фугирање.
Бандажната лента од стаклени влакна се
користи кај противпожарни решенија.
Како треба да се обработат споевите на
Кнауф преграден ѕид со малтерисана ѕидна
површина? Во таква ситуација, како и кај споевите
со бетон, дрво или челик не е дозволено
бандажирање преку двете површини. Пред
монтажата на Кнауф плочите треба на
малтерисаната површина да се залепи
самолеплива лента на местото кое се допира
до плочите. По монтажа на плочите, ивицата
на Кнауф плочата се исполнува со Fugenfüller
при што бандажната лента се поставува само
на плочата. Делот од самолепливата лента што
излегува преку гипскартонската површина
треба да се отсече со скалпел.
Дали на веќе малтерисани ѕидови може да
се лепат гипсени плочи (суво малтерисување)?
Постоечкиот малтер мора да биде носечки,
цврст и сув и не смее да се рони. Треба да
се исчистат сите оштетени места,
набабрувања, стари премази и друга
нечистотија од стариот малтер.
Дали може Кнауф плочи да се лепат на
тавански косини? Суво малтерисување – лепење на Кнауф
плочи е дозволено само на вертикални
површини како што се ѕидовите. Не е
дозволено лепење на таван или кровна косина!
Дали на Кнауф ѕидовите може да се закачи
слика? Закачување на предмети и товари на Кнауф
ѕидовите се врши со типли за шуплив ѕид.
Носивоста зависи од видот на типлата и
дебелината на гипскартонската облога. На пр:
носивост на една PVC типла кај еднослојна
облога со Кнауф плоча 12,5мм е 20кг, а кај
двослојна облога 2х12,5мм една метална типла
носи 50кг.
Дали може Кнауф плочи да се
малтерисуваат? Кнауф во својата програмата нуди низа
висококвалитетни минерални готови малтери
кои може да се користат на гипсените плочи.
За употреба на други малтери треба да се
провери упатството на производителот.
Кои плочи се користат за противпожарна
заштита на тавани и поткровја? Кнауф противпожарни плочи од типот
F, со дебелина од 12,5 мм и 15,0 мм:
за противпожарна заштита од 30 минути
потребна е двојна облога од противпожарни
плочи со дебелина од 12,5 мм, а за
противпожарна заштита од 60 минути минути
потребна е двојна облога од противпожарни
плочи со дебелина од 15,0 мм.
Кој Кнауф ѕид се препорачува за изработка
на прегради во стан или куќа? За прегради во внатрешноста на стан или
куќа доволен е Кнауф ѕид со единечна
потконструкција, со по една плоча со
дебелина од 12,5 или 15,0 мм на секоја
страна од ѕидот. Шупливиот простор на ѕидот
треба да се исполни со минерална волна со
дебелина од 50 мм. Дебелината на
изолациониот материјал во ниеден случај не
треба да биде поголема од шуплината на
ѕидот.
Кое е пропишаното растојание на CW
профилите при изработка на преградниот ѕид? Ѕидните профили се поставуваат во
стандарно меѓуосно растојание од 60 цм кај
плочите со широчина од 120 цм.
Како треба да се изработат преградните
ѕидови во купатило? Можни се две изведби: ѕидните профили се
поставуваат на стандарно меѓуосно растојание
од 60 цм и се обложуваат со два слоја плочи;
или еднослојна облога со 12,5мм плоча при
што треба да се намали меѓуосното растојание
на профилите на 40 цм. За обложување се
користат Кнауф импрегнирани плочи, а пред да
се залепат керамички плочки површината треба
да се премачка со Кнауф Tiefengrund.
Како се монтира лавабо на преградниот
ѕид? За безбедно и сигурно закачување на
лавабоа и друга санитарна опрема се користат
посебни, фабрички изработени, поцинкувани
носачи кои се вградуваат при монтажа на
носечките профили.
Дали кај двојната облога на ѕидот мора да
се обработат и споевите на плочи од првиот
слој на облогата? Кога има потреба од звучна изолација и
противпожарна заштита треба да се исполнат и
споевите од првиот слој на плочи.
Кои должини на CD профили се
произведуваат?
Кнауф CD профилите се произведуваат во
различни стандардни должини од 2600 до 4000
мм.
Колку изнесува најмалото можно растојание
помеѓу масивен таван и спуштен таван со
метална потконструкција? При закачување на двојна одн. крстеста
челична потконструкција од CD профили 60х27
мм со жица и сидрест клин потребна е
минимална висина од 160 мм. При таванско
облагање со директни држачи висината е 50
мм. Дебелината на плочата е предвидена во
дадените мерки.
Како може да се избегнат видливите споеви
на спуштениот таван при силна коса светлина? Кај повишени барања за естетика потребно
е, пред молерисувањето, целата површина да
се премачка со Кнауф
Grundiermittel за да се изедначи
впивливоста на фугите и картонот. При барања
за идеално мазна површина се препорачува
глетување на целата површина со Кнауф
Readyfix или Кнауф Finish Pastös.
Кога се користи Нониус држач за спуштени
тавани на метална потконструкција? Кога спуштениот таван има поголема
тежина или треба да носи тешки лустери,
инсталации и сл., како и при заштита од
пожар на таванската шуплина.
До кој радиус можат да се свиткуваат
плочите со дебелина од 12,5 мм? До радиус од 2,75 м овие плочи можат да
се виткаат и монтираат со сува постапка. Кај
радиуси
> 1 м, плочите треба да се навлажнат
и свиткаат преку шаблон. Монтажата се
изведува откако плочите потполно се исушат.
На кои подлоги може да се постави Кнауф
сувиот естрих? Кнауф сувиот естрих може да се постави
на бетонски, дрвени или метални подлоги.
Пред поставување на
Vidifloor плочите, подлогата треба да
се израмни со сув насип или сува песок, а
кај помали нерамнини до 15 мм со
самонивелирачки маси за израмнување.
Дали Кнауф сувот естрих може да се
постави и во купатила? На соодветна подлога Кнауф сувиот естрих
може да се користи и во купатила. Пред
нанесување на подната облога (кер.плочки)
потребно е подот и споевите со ѕидовите да
се заштитат од влијанието на водата со
хидроизолацискиот премаз Кнауф Flächendicht
со спримена на хидроизолациската лента
Кнауф- Flächendichtband. Дозволени
максимални димензии на керамичките плочки се
30х30 цм.
Дали на Кнауф сувиот естрих може додатно
да се постави преграден ѕид? Поради малата тежина на Кнауф
преградните ѕидови можно е нивно поставување
и врз сувиот естрих.
Како може челичните греди и челичните
столбови да се заштитат од пожар?
Едноставно и поволно со Кнауф-Fireboard
плочи. Дебелината на облогата и потребниот
број на слоеви од плочи зависи од
материјалот и примената; можна е заштита од
пожари во времетраење од 30 до 180 минути.
Колкаво подобрување на заштитата од
бучава може да се постигне со ѕидна облога
поставена на постоечкиот ѕид?
Како мерка за подобрување на звучната
заштита се предвудува 12-15 dB.
Подобрувањето на заштитата зависи од
постоечкиот ѕид како и од начинот на изведба
на зидната облога. Треба да се води сметка
за споредните патишта на пренесување на
звукот.
Дали импрегнираните плочи можат да се
користат како подлога за керамички плочки
кај колективните тушеви? Во овој случај не се користат материјали
изработени од гипс. Се препорачува користење
на посебни армирани цементни плочи Aquapanel
со дебелина од 12,5 мм.
Кој основен премаз се користи на Кнауф
плочи пред да се нанесе минералниот малтер? Импрегнацискиот премаз Кнауф Putzgrunad.
Кои плочи се користат за обложување на
надворешни стреи или ѕидови? Aquapanel цементната плоча е 100%
водоотпорна и се користи за сите видови
надворешни обложувања. Можна е и примена на
плочите Vidiwall доколку преку нив доаѓа Thermosystem
(контактна фасада).
Каде е потребна употреба на
Grundiermittel премазот?
Grundiermittel се користи пред лепење
на Кнауф плочи на многу впивливи подлоги или
врз Кнауф плочите пред завршниот премаз.
Каде е потребна употреба на Tiefengrund
премазот?
Пред да се залепат керамичките плочки на
Кнауф плочите подлогата треба да се премачка
со Tiefengrund.
Каде е потребна употреба на Betokontakt
премазот?
Кнауф Betokontakt е премаз со кварцен песок
со кој се премачкуваат невпивливи површини
како што е шалованиот бетон. Се користи пред
лепење на Кнауф плочи или пред
малтерисување.
Што е Flächendicht? Flächendichtе специјална емулзија на база на
каучук со која се штитат зидните и подни
површини под плочките од продор на влага
(пр. туш кади во купатила). Се употребува во
комбинација соFlächendichtлента за аглите.
Дали го пронајдовте Вашиот одговор?
Ако не го пронајдовте одговорот на Вашето
прашање испратете ни
поракаи нашата техничка служба ќе Ви одговори.