Со правилна
постапка при обработката се добиваат рамни и мазни
површини, кои се идеална подлога за разни завршни
обработки како што се молерисување, лепење тапети или
местење на керамички плочки.
Перфектна површина
Кнауф-Uniflott се сипува во вода
и се меша додека да се добие креместа
хомогена смеса.
Кнауф-Uniflott темелно се
втиснува во споевите (фугите) на плочите.
Откако ќе се стврдне (околу 40
минути) вишокот на материјал се
отстранува со шпакла.
Вториот слој се нанесува со
широка глетарица. За изработка
на идеално мазни површини се
користи Кнауф-Readifix.
Евентуалните нерамнини треба да
се израмнат со лесно шмирглање,
при тоа да се внимава да не се
оштети картонот.
Надворешните агли треба да се
заштитат со заштитни аголни
лајсни или со Alux-лента за
заштита на аглите.
Споевите на ѕидовите со таванот
се изведуваат со поставување самолеплива
лента, со видлива фуга,
со акрилен кит или се порамнуваат со Кнауф-
Fugenfüller и бандажна лента.
Кнауф
системи за
фугирање и глетување
Кнауф- Uniflott /
импрегниран Uniflott
Материјал за обработка
на споевите (фугите) на
плочите. Со кремаста
густина, едноставна
обработка и лесно шмирглање
на површината.
Импрегнираниот Кнауф- Uniflott е
водоотпорен
и има зелена боја; се
применува при обработка на
импрегнираните Кнауф плочи.
Кнауф Readyfix
Материјал за глетување
површини и споеви на плочите
кој има густина како паста,
спремен за употреба. Се
користи како фин завршен
слој на споевите на плочите
или за обработка на поголеми
мазни површини.
Knauf-Fugenfüller
Leicht
Традиционално докажан
материјал за рачна обработка
на споевите на плочите со
примена на бандажна лента.
Кнауф-Spezialgrund
Темелен, бело обоен
минерален премаз кој ја
регулира впивливоста на
глетуваните површини.
Потребните корекции на
површината се изведуваат со
Кнауф-Readyfix или
Кнауф-Finish Pastös.
Кнауф- Jointfiller
Super
Се користи за брза,
рачна или машинска обработка
на споевите со примена на
бандажна лента.
Jointfiller-от при сушењето
не го менува својот волумен
и не се распукнува.
Кнауф-Finish Pastös
Смеса за глетување за
завршна
обработка, спремен за
работа. Идеален материјал за
завршно глетување на
површината.
Кнауф-Board Finish
Материјал за завршна
обработка на површината,
пред таа да се лакира или
лепи со скапоцени метални
или свилени тапети, а исто
така и пред венецијанска
техника на обработка на
површината.