Knauf Weltmarktführer in Gipsplatten      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Кнауф плочите се изработени од гипсено јадро кое е опфатено со специјален цврст картон. Според намената се користат различни видови на Кнауф плочи: градежни, противпожарни и импрегнирани.

 
Транспорт

Сите видови на плочи кои се во продажба се релативно лесни за транспорт и најчесто се со димензии 1,20 м ширина и 2,00 м висина.

По потреба се користат плочи со други должини: 2,50; 2,60; 2,75; 2,80 од 3,00 м. Со правилно положување Кнауф плочите можат да се транспортираат и на кровот на Вашиот автомобил, а за поголема количина се препорачува превоз со теретно возило одн. комби.

Правилно складирање

За да се избегнат деформациите и оштетувањата на рабовите, плочите треба да се положат на дрвени летви поставени на растојание од 25 цм или на дрвени палети.



 

Картонот на плочата од предна страна, со нож (скалпел), се сече се до гипсеното јадро...
...и се прекршува преку работ. Потоа се отсекува картонот на задната страна на плочата. Кај челните споеви потребно е рабовите на плочата да се закосат со нож.
Кнауф плочите може да се сечат со убодна пила или со обична рачна пила.

Отворите за инсталациски водови треба да се означат на плочата и да се исечат рачно со округла турпија...
...или со Кнауф кружна пила (за бормашина).
Прицврстување на плочите на потконструкцијата се изведува со помош на Кнауф брз шраф, со професионален шраубер или со додаток HK-11 за бор машина.

 


зацврстување на плочите со шрафови
  назад

 
повеќе
 

 
повеќе
 


                  Knauf © 2007