Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

 

 

Градбата со сувомонтажни системи (гипсени) зазема значајно место во македонското градежништво. Нејзината поинтензивна примена започнува од 1994 година, со отварањето Преставништво на Кнауф во Скопје и во изминатиот период бележи  постојана нагорна линија. Ако се спореди потрошувачката на гипсени, која во Македонија изнесува 1м2/жител, со Европските земји каде се вградуваат околу 5-6м2/жител, односно САД со 11м2/жител, тогаш се очигледни перспективите на овој начин на градење. Меѓутоа, заради непостоење на публикувани нормативи и недостаток од школувани монтери, ова кај нас релативно младо занимање кое има 100-годишна светска традиција, досега се развиваше на пазарен начин и се среќаваше со низа нерешени проблеми.

Новата Групација за сува градба (ГСГ), во која се здружуваат сите субјекти кои произведуваат, вградуваат и продаваат системи од гипсената индустрија или дополнителни системи за внатрешна градба, треба да создаде услови за подигање на општите вредности и угледот на оваа важна област во градежништвото.

Стратешка цел на ГСГ е подигање општото ниво на квалитет, со што ќе се заштитат интересите на инвеститорот и ќе се подигне рејтингот на сувата градба воопшто. А тоа ќе го постигне преку своите активности насочени кон:

- изготвување македонски нормативи за работа и настојување тие да станат дел од формалната регулатива која би обезбедувала нивна заштита и доследна примена. Нормативите се базираат на најновите европски текстови и обезбедуваат високи стандарди за квалитет; опфаќаат изготвување на македонски називи за поедини системи за сува градба, дефинирање на описните текстови и утврдање на точни правила за мерење кон кои ќе се придржуваат сите учесници во градбата. Со тоа истовремено ќе се обезбеди правилно нудење и изведување на градежните работи.

- формирање на Комисија за квалитет која ќе ги следи и мотивира фирмите на квалитетна изведба со доделување на престижниот Знак за квалитет.

- подобрување на постоечките стручни образовни установи, одржување и учество во школски работилници, стручни курсеви за изведувачите, изработка на стручна литература, школски наставни програми кои ќе придонесат за подигање на степенот на стручност и ефикасност во изведбата.

- информирање јавноста за активностите и постигнувањата на Групацијата преку Интернет страна, Гласник на Групацијата итн. Се предвидува и изготвување на Адресар на фирми од областа на сувата градба, кој ќе им биде достапен на сите субјекти во градежништвото.

Пристапница



 



 
  назад



                  Knauf © 2010