Наместо малтерисување на таваните со мокра постапка, можно е со Кнауф плоча да се обложи потконструкцијата од дрвени летви кои директно се монтираат на таванот.
Максималните растојанија кај еднослојни облоги со Кнауф плочи 12,5мм и двојна дрвена потконструкција (летви 50 х 30мм)
Потконструкцијата се изработува од дворедно монтирани носечки и монтажни дрвени летви. Димензии на летвите се 50х30мм или 60х40мм. На горната скица се наведени максималните растојанија за прицврстување на таванот и растојанието помеѓу летвите.
Носечките летви зависно од типот на таванот се прицврстуваат со соодветни типли и штрафови. Нивелација на летвите е можна со подметнување на клинови.
Поедноставна монтажа и брза нивелација на носечките летви се овозможува со директните држачи. Директниот држач на таванот се прицврстува со соодветна типла и штраф, потоа летвите се нивелираат во хоризонтална положба и се прицврстуваат од двете страни за директниот држач.
Монтажните летви се прицврстуваат за носечките со Кнауф саморезен штраф ТN 55. Тоа е наједноставниот и најсигурниот начин на монтажа.
Кнауф плочите се прицврстуваат на монтажните летви со саморезен штраф ТN 35 на растојание од 17см. Надолжните ивици на плочите се поставуваат нормално на правецот на монтажните летви.
Челните споеви на плочите секогаш треба меѓусебно да се поместат, како би се одбегнале вкрстените споеви на таванската површина.
Зацврстување на
носечките
летви со директниот држач
Кнауф
Кнауф плоча се
прицврстува за дрвената
потконструкција со
Кнауф шрафTN35