Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Наместо малтерисување на таваните со мокра постапка, можно е со Кнауф плоча да се обложи потконструкцијата од дрвени летви кои директно се монтираат на таванот.

 

Спуштените тавани се применуваат за да се оплемени ентериерот, кога е потребно да се намалат високите простории или кога е потребно да се сместат инсталациски водови во шупливиот меѓупростор на таванот.  

   
 

   


Висината на спуштање
(котата на таванот) се обележува на околните ѕидови. Според одбележеното на страничните ѕидови се монтираат UD профили со соодветни типли и шрафови (на секои 50цм).

На таванот се означуваат местата на закачување и жиците со увце се прицврстуваат со соодветни типли и шрафови.



Зацврстување на
носивите жици за таванот
 

Анкерфикс држачот се навлекува на жицата и на него се монтира носивиот CD профил; со притискање на федерот се нивелира и фиксира носивиот CD профил во хоризонтална положба.

Монтажните CD профили со помош на крстести спојки се прицврстуваат за носивите профили. Пред облагањето се проверува дали потконструкцијата е во хоризонтална положба.

 


Зацврстување на монтажните и
носивите
CD
профили
со
крстести спојки
 

Кнауф плочите се прицврстуваат со Кнауф брз шраф ТN25, на растојание од 17цм. Надолжните ивици на плочите се поставуваат нормално на правецот на монтажните CD профили.

Челните споеви на плочите секогаш треба меѓусебно да се поместат како би се одбегнале вкрстените споеви на таванската површина. Плочите се поставуваат врз страничните UD профили но не се прицврстуваат со шрафови за нив!


Монтажа на Кнауф плочи со
Кнауф штрафови TN 25 за
монтажни профили

  назад


                  Knauf © 2010