Порано во
болниците и амбулантите, за
заштита од Рентген зрачење
се користеа тешки бетонски
ѕидови и тавани. Денес
ефикасна заштита во
просториите за Рентген
дијагностика и Рентген
терапија се постигнува со
Кнауф системите за заштита
од зрачење.
Тие се базираат на специјални Кнауф
плочи кои од задната страна се каширани
со калибрирана оловна фолија. Дебелината
на оловната фолија мoже да биде различна
и се движи од 0,5мм до 3,0мм, зависно од
јачината на Рентген апаратот. Секој
производител на Рентген опрема пропишува
колкава треба да биде дебелината за
оловната заштита.
Тавани
Кнауф системите за заштита од зачење се изведуваат како тавански облоги прицврстена на постоечкиот таван. Профилите се заштитуваат со оловни самолепливи ленти и се облагаат со заштитни Кнауф плочи. Во меѓупросторот едноставно се води целокупната инсталација и истиот по потреба може да биде исполнет со излоциски материјал.
Ѕидни облоги
Постоечките ѕидови се обложуваат на истиот начин како и таваните: на метална потконструкција од Кнауф CD и UD профили обложени со Кнауф заштитни плочи.
Ѕидни системи
Новопроектираните преградни ѕидови може да се изведат како Кнауф ѕидови на метална потконструкција од CW и UW профили обложени едно-, дво- или трослојно со Кнауф плочи, при што од страната на Рентген апаратот се поставува една заштитна плоча. При тоа освен заштитата од зрачење, овие ѕидови обезбедуваат соодветна звучна, топлотна и пред се противпожарна заштита
Инсталација
Доколку во ѕидот се предвидени електродозни, на тие места при монтажата се вградуваат Кнауф оловни кутии
Опис
на производ
Бр.на произв.
Тежина
kg ЕМ
ЕП
Долж. Деб.
mm
mm
Пакување
(ЕП)
Knauf
плоча за заштита
од
Rentgen
зрачење
12,5 mm
широчина
600/625 mm, HRAK
дебелина на
зашт..
оловен слој: