
Техничкиот развој и научните
достигнувања
ја променија внатрешноста на
станбените и работните простории.
Конструкцијата на денешните
ѕидови се разликува од
оние ѕидови кои се граделе пред
100
години.
Кнауф конструкциите
на внатрешни ѕидови во делот на
заштита од звук, топлина и пожар
нудат комплетно решение.
Зацврстување на тешки товари
(висечки елементи, полици за книги)
на овие ѕидови е едноставно и
сигурно.
Мазни и чисти ѕидови
За додатна внатрешна изолација на
постоечките надворешни ѕидови
се користат Кнауф ѕидни облоги со
кои брзо се изработуваат рамни и
чисти ѕидни површини. Нерамните или
истрошени површини со пукнатини брзо
исчезнуваат позади ѕидните облоги.
Кнауф суво малтерисување
Сувиот малтер се изработува со
лепење на Кнауф плочите на постоечкиот
масивен ѕид со Кнауф Перлфиџ лепило
со кое можат да се изедначат
нерамни подлоги до 20 мм.
Кај оџаците и површините на кои се
зацврстуваат умивалници и сл.
лепакот Кнауф Перлфиџ треба да се
нанесе
на целата површина. Покрај прозори и
врати плочите се сечат во потребната
мера и се лепат со целосно
нанесување на лепак.
Кај ѕидовите кои се секогаш влажни и
во просториите во кој има висока
влага во воздухот (јавни базени и
купатила) системот на суво
малтерисување не се применува.
Постапка на работа Кнауф суво
малтерисување: |