Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

 

Добра изолација - Заштеда на пари

Кнауф ѕидни облоги

Ако се бара подобрување на топлотната и звучната изолација се вградуваат Кнауф yидни облоги на метална потконструкција. Со тоа, покрај убавиот изглед на yидните површини се постигнива и извонредна топлотна и звучна заштита. Сите инсталациски водови се поставуваат во yидниот меѓупростор и на тој начин стануваат „невидливи”. Потконструкцијата се изработуво од метални челични профили. За зацврстување на Кнауф плочите се користат посебни саморезни шрафови од типот ТН25 и ТН35.

Металната потконструкција се состои од хоризонтални Кнауф УД профили и вертикални Кнауф ЦД профили.
За подобра звучна изолација потребно е челичната конструкција од масивниот ѕид да се одвои околу 50 мм.

Кнауф плочите можат да се поставуваат во еден слој или двослојно.
Кај двослојната монта
жа првиот и вториот слој плочи треба да се постават на меѓусебно растојание за половина ширина на плочата. Кај монтажата на вториот слој на плочи потребно е да се користат следните шрафови:

Дебелина на плоча:
2 x 12,5 мм ТН 35
Дебелина на пло
ча:
2 x 15,0 мм ТН 45

Постапка на работа
Кнауф
ѕ
идна облога:
 

 
Пред да се зацврстат на подот и таванот на УД профилите треба да се залепи Кнауф ПЕ дихт лента заради звучната заштита; потоа профилите се зацврстуваат со типли и шрафови за под и таван на растојание од 100 см.  

     
На средината на висина на yидот се поставуваат акустични или директни држачи за прифаќаwе на вертикалните ЦД профили (максимално растојание на држачите е 1,50 м) изолирани со ПЕ дихт лента.  
     
Челичниот Кнауф ЦД 60/27профил се поставува во вертикална положба помеѓу горниот и долниот УД профил на растојание од 60 см. Потоа со шрафови за лим бочно се зацврстуваат за поставените држачи на ѕидот (на пр. за акустичниот држач).  
     
Откако ќе се изведе инсталацијата и ќе се постави изолација, Кнауф плочите во вертикална положба се зацврстуваат за потконструкцијата со саморезни ТН шрафови. Растојанието на шрафеwе е макс. 25 см. По потреба помеѓу плочите и профилите се поставува парна брана.  
  назад
                  Knauf © 2007