Преграден ѕид со еднослојна
облога
Преграден ѕид со двослојна облога

Флексибилност при одредување на основите
При проектирање на основи со Кнауф преградни
ѕидови на метална потконструкција скоро и не
постојат ограничувања. Дури и кај накнадни
промени на просторот преградните ѕидови можат да
се постават на секое сакано место, а по потреба
таквиот преграден ѕид едноставно се демонтира.
Брзо вселување во просторот
Споевите на Кнауф плочите се исполнуваат и
глетуваат веднаш по монтажата, а инсталациите се
спроведуваат во ѕидниот меѓупростор за време на
монтажата на ѕидните профили. Сето тоа може да
се изведува во секое годишно време: сувата
монтажна изведба не зависи од температурните и
временските услови. Во вака уредените простори
вселувањето може да биде веднаш, не е потребно
време за сушење!
Топлотна изолација
Кнауф преградните ѕидови со изолација од
минерална волна имаат одличи топлотно -
изолациони својста. Температурата на ѕидните
површини брзо се прилагодува на температурата на
воздухот во просторијата; на тој начин ѕидовите,
многу брзо се загреваат по вклучувањето на
греење во просторијата.
Заштита од пожар
Гипсот е негорив градежен материјал - со
Кнауф преградните ѕидови се задоволуваат и
највисоки барања за противпожарна заштита.
|