
Кнауф челичните вратни каси се вградуваат
истовремено со монтажата на профилите од ѕидната
потконструкција.
На подот најпрво се обележува местото и ширината на вратната каса;
се поставуваат
UW
профили до означените мерки.
Едноставна монтажа на вратни каси
Потоа касата странично се прицврстува на
дополнителни
CW
профили,
кои на долните и горните краеви се прицврстуваат
за
UW
профилите со заковки или со штанцање со посебни
клешти.
Над вратната каса
хоризонтално
се поставува
UW
профил
(поголем
од растојанието на
CW
профилите за околу
30
см)
се засекува и се шрафи за вратната каса.
Хоризонталниот
UW
профил потоа со заковки или штанцање се
прицврстува за двата
CW
профила.
Кај висина на спратот до
2,80м,
светол отвор-ширина
до
90см
и тежина на вратните крила до
25кг.
потребно е двата
вертикални CW
профила да се појачаат со дополнителни
UW
профили.
Кај висини поголеми од
2,80м
или светол отвор поширок од
90см
и потешки врати од
25кг.
потребно е наместо
CW
профили,
да се монтираат посебни челични
UA
профили со дебелина на лимот
2мм,
прицврстени директно во подот и таванот со
посебни прифатни винкли.
Станадардното растојание на
CW
профилите од
60см
треба да се запази и над отворот на вратната
каса.
При обложувањето на ѕидовите со
Кнауф
плочи треба да се води сметка плочата
да
не завршува на вертикалата на вратна каса,
туку минимум
20см
да навлезе над вратата.
|