Ние за нас
Преградните ѕидови се изработуваат од потконструкција и облога од Кнауф плочи. Потконструкцијата се состои од челични, поцинкувани профили; на нив од двете страни се монтираат Кнауф плочите. Изведбата на потконструкцијата и видот на облогата, зависат од барањата за звучна и противпожарна заштита (како и од висината и намената на просторијата). За внатрешна изолација на постоечки ѕидови се користат ѕидни облоги со Кнауф плочи посатвени со лепење или монтаирани на потконструкција. Ако нема потреба од дополнителна звучна заштита, тогаш со лепењето на плочите на масивниот ѕид, многу бргу се добиваат мазни и чисти ѕидни површини. Косите и нерамни ѕидови едноставно исчезнуваат под облогите од Кнауф плочите. За подобрување на звучната и топлинската изолација, Кнауф облогата се монтира на челична потконструкција. Со тоа се добива перфектен излед на површината и топлинска и звучна изолација по мерка. Освен тоа, во меѓупросторот може да се водат сите водоводни и електрични инсталации.