Кнауф значи слобода на
формирање на просторот и можност да се реализира
секоја Ваша замисла. Проверените сувомонтажни
системи се лесно прилагодливи кон просторот и
овозможуваат максимално искористување на
површината. Лесните и тенки преградни ѕидови ќе
го поделат поткровјето на симпатични
функционални целини. Кнауф облогата на кровната
косина ефикасно ќе ги задоволи поставените
изолациони барања. Парапетните и калкански
ѕидови изведени со Кнауф ѕидните облоги ќе ја
комплетираат изолацијата на целиот простор.
Примената на Vidifloor сувиот под не е условена
од статичката изведба. Со тежина помала од
25кг/м2 може да се постави и врз
дрвена меѓукатна конструкција.