Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Кнауф подните системи се положуваат со сува постапка што значи не се внесува додатна влага и тежина во изградениот простор, при што нема потреба за додатни статички појачувања.

 

Пријатно чувство под нозете со Кнауф сувиот естрих

Таа предност е посебно погодна при адаптација и уредување на постоечки простории каде што треба да се води сметка за секој килограм вграден материјал. Бидејќи подните гипсени плочи се положуваат со сува постапка, веднаш после монтажата по нив може да се оди.
 

Vidifloor: Под за повисоки барања

Кнауф Vidifloor подот од гипсвлакнести плочи преставува напредок во развојот на технологијата на подни системи. Идеално подрачје на примена на овој под е санирање на стари објекти. Цврстото јадро на плочата изработена од целулозни влакна и гипс обезбедува одлични својства за заштита од ударен звук, топлинска заштита како и заштита од пожар. На Vidifloor подот едноставно се положуваат скоро сите видови завршни подни облоги. Практичните димензии на плочите од 1,0х1,5м овозможуваат брз и едноставен транспорт и монтажа.


Предности на Vidifloor системите:

  • брза монтажа
  • без време за сушење
  • заштеда во тежина
  • идеално рамни површини
  • топлотна изолација
  • заштита од пожар
  • заштита од ударен звук
  • поволна цена
  • заштеда на енергија
  • удобна подлога за чекорење
  • повеќегодишна потврда во пракса


Подрачје на примена:

  • вообичаени подови во станбената изградба
  • за посебни намени побарајте технички совет


Отпорност на концентрирани товари (тест на тркалца од столица)

Vidifloor сувите подовите од типот F131/F132/F135 се отпорни на тркала од столица без додатна обработка на површината.


Заштита од влага

Во поростории под кои нема подрум потребно е стручно да се вгради соодветна хидроизолација. Кај површините кои се изложени на влијание од вода во купатилата и кујните потребно е гипсениот под преку цела површина да се покрие со премазот Кнауф Flechendicht, а споевите кон ѕидот со трака Flechendichtband.


Еластични и тенки подни облоги

Тенките подни облоги како на пр. линолеум се положуваат после израмнување на целата подна површина со Кнауф Nivellierspachtel 415.


Подни облоги од керамички плочки

Користете плочки со макс. величина 30х30 цм, глинени плочки не се погодни. Кога се користи Кнауф Flechendicht потребно е да се користи флексибилно лепило Кнауф Flexkleber.

Готов паркет и мозаичен паркет

Повеќеслојно залепен готов или мозаичен паркет може да се лепи по целата површина на сувиот естрих во согласност со упатствата на производителот.

Vidifloor плочи F 135

 

Vidifloor елементи со
изолација ПС/МФ F 132

Vidifloor елементи F 131

 


Подните гипсцелулозни
плочи со дебелина од 10 или 12,5 мм се положуваат двослојно на претходно порамнет под. Се користат при санација на објекти кога е важна брзината на градење. Се препорачуваат кај подно греење, отпорни се на концентрирани товари (тркалца од столици).


За додатна топлотна и звучна изолација- поден двослоен елемент од гипсцелулозни плочи. Каширани со слој на изолација од 20/30 мм стиропор (ПС) или 10 мм минерална волна (МФ) 2х10/12,5мм + 10 мм МФ 2х10 мм + 20/30 мм ПС. Се користат при санација на објекти кога е важна брзината на градење, концентрирани товари (тркалца од столици).


При поголеми оптеретувања и поголеми барања – две фабрички залепени гипсцелулозни плочи со дебелина од 20 или 25 мм со преклоп широк 5 цм. Се користат при санација на објекти кога е важна брзината на градење. Се препорачуваат кај подно греење, концентрирани товари (тркалца од столици).


Техника на монтажа на сув под Кнауф Vidifloor

Нерамнините до 2 цм се исполнуваат со самонивелирачката маса Кнауф Nivellierspachtel 415. За израмнување на подлоги со поголеми нерамнини се користи Кнауф сув насип
На почетокот на работата потребно е на околните ѕидови да се прицврстат ивични изолациони ленти од минерална волна.
На бетонска подлога потребно е да се постави ПЕ - градежна фолија со дебелина од 0,2 мм. Фолијата се положува со преклоп и се повлекува на ѕидовите до висина на ивичната изолациона лента

 

Монтажата на Vidifloor елементите (системи F131 и F132) започнува од крајот на просторијата. Елементите меѓусебно се разместуваат за мин.25цм.
Vidifloor елементите се лепат со системско лепило Vidifloor Falzkleber во два реда
Монтажата на Vidifloor плочите - систем F135 започнува од крајот на просторијата. Плочите меѓусебно се разместуваат половина димензија и се лепат по цела површина со Кнауф Uniflott

 

Откако потполно ќе се исуши импрегнацијата можно е положување на вообичаени подни облоги: теписони, ПВЦ подови, мозаик паркети или керамички плочки макс. 30х30 цм. Кај тенки ПВЦ облоги потребно е целата површина да се израмни со слој Кнауф Nivellierspachtel минимум дебелина од 2 мм.
По лепењето, Vidifloor елементите или плочите дополнително се прицврстуваат со хефтање или со Vidifloor завртки.
Пред поставување на завршниот под, целата површина се импрегнира со Кнауф Estrichgrund
 
  назад



                  Knauf © 2010