Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Универзалните Кнауф подни системи дозволуваат примена во сите подрачја на внатрешната градба. За посебни објекти Кнауф постојано развива нови производи и системи и нуди секогаш нови решенија со подобрени производи, земајќи ја во предвид растечката побарувачка од адаптација на постоечките објекти.

 

Деловни објекти, станови, јавни објекти

Висококвалитетните Кнауф производи споени во современи подни системи, се прилагодени за различни барања во праксата.
Кнауф нуди два различни системи на градба:
Кнауф самонивелирачки естрих – фабрички подготвен материјал кој на градилиште се меша со вода и машински се излева на подлогата или Кнауф Integral  повишен под – технологија на сува и флексибилна монтажа на пресувани гипсцелулозни плочи.

Кнауф – самонивелирачки естрих

Со Кнауф течниот самонивелирачки естрих едноставно се задоволуваат и најкомплицираните барања при поставување на подот. Подот може да се изработи дирекно на подлогата, врз разделен слој, на изолационен слој или врз подно греење.
Кнауф течниот естрих е готова фабрички припремена гипсена смеса изработена од анхидрид, посебни видиви на гипс и посебни додатоци на пр. кварцен песок.

Својствата на Кнауф течниот естрих се прилагодени за употреба во станбени, деловни и јавни објекти. Неговите главни предности се :

  • цврстина при притисок и истегнување
  • константна стабилност
  • идеално рамни и мазни површини
  • одлична топлотна проводливост
  • дилатациони фуги се оставаат на 15м.
  • брзина на поставување
  • еколошки беспрекорен материјал
  • за вообичаени завршни подни облоги
  • како подлога за епоксидни премази

Изведба на повишен под со Кнауф Integral

Кнауф Integral е синоним за целокупна изградба на просторот во комбинација со инсталациската техника на објектот. При проектирање и изградба со Кнауф Integral подовите можни се решенија „по мера“ за инсталациските проблеми на објектите и за долгорочна флексибилност во намената на објектот.

Повишениот под Кнауф Integral обезбедува прегледно и флексибилно поставување на сите видови инсталациски водови под површинатана подот. Овозможен е брз и едноставен пристап на кабелските траси и обезбедено е целосно одржување на инсталациите со максимална удобност на користење на површината на подот.

 

 

 

 

 

 

 

 










 
Повишен под HOBO F124 Повишен под HOBO F124 Повишен под HOBO F124
  назад



                  Knauf © 2010