Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Уште пред 20 години Кнауф започна со проучување на зголемените барања при изработка на подови и постојано, со иноваторски производи и системи, успешно се докажува како стручен партнер во таа област.

Кнауф произведува интелигентни и еколошки подни системи од највисок квалитет, со кои, со голема брзина се изработуваат рамни површини - во новоградбите и при адаптација на стари објекти.

Покрај веќе докажаните системи на суви подови од тврди гипсени плочи, новина на пазарот се системите на суви подови Vidifloor кои нудат голема сигурност и исклучителна цврстина. Vidifloor плочите и елементите се изработени од гипс и целулозни влакна и за нив e даден детален опис во нашиот технички лист F13. Освен сувите подни системи, Кнауф произведува и различни видови течни смеси и суви насипи за израмнување на подлогата, како и неколку типови течен самонивелирачки естрих.




Кнауф подните системи се положуваат со сува постапка што значи не се внесува додатна влага и тежина во изградениот простор повеќе
 
 
 
                  Knauf © 2010