|
Сувата монтажна градба со Кнауф системите
дава повеќе предности. Особено на места каде може да
се појават статички проблеми, сувата
градба со Кнауф системите е вистинскиот
спас. Малата дебелина и тежина на Кнауф
преградните ѕидови овозможува едноставно
градење и монтажа. Покрај тоа не е
потребно штемање, односно дополнително
рушење на ѕидовите за вградување на
инсталационите водови, бидејќи сите жици
и цевки се поставуваат за време на
градењето во шуплината на ѕидот или над
таванот каде остануваат невидливи. Со
ваквата работа е обезбедена чистотата и
не постои проблематичен градежен шут.
Поради сувата постапка на градење сите
површини се готови без дополнително
чекање за сушење. Освен тоа гипсот е
сигурен градежен материјал со кој секое
градење станува вистинско уживање, а
заради неговите градежно-биолошки
карактеристики значително го подобрува
удобното живеење.
За квалитетно
изведување на градежните работи поребно
е да се има соодветен алат, умешност и
квалитетен материјал за работа.
Сувомонтажната градба е универзално
применлива постапка на градење, од
подрум до кров, од под до таван, во
новоградбите како и при адаптации и
преградувања. Но, индивидуално
формираните ѕидни и тавански површини во
станот се „само“ видливите страни на
вашата работа.
Тоа што не се гледа, а е
од голема важност за корисникот е
стручната и сигурна изведба,
максималната удобност со минимално
статичко оптеретување, заштита од
бучава, испитана и сертифицирана заштита
од пожари како и одлична топлинска
изолација. Сето тоа се остварува на
едноставен и сигурен начин со помош на
осмислените Кнауф системи за
сувомонтажна градба. Единствено само со
врвен квалитет и сигурност на системот
се овозможува долготрајна удобност на
живеење со регулирање на микроклимата во
просторијата и умерена влага на
воздухот.
Основни предности на
сувомонтажната градба се:
- мала дебелина и тежина на
преградните ѕидови
- без статички проблеми на
објектот
- без штемање на ѕидовите за
исталациски водови
- отсуство на вода при градењето
- помал градежен отпад
- брзо, флексибилно и економично
- без сушење, веднаш се продолжува
со понатамошна обработка на
површината
- гипсот гарантира здрава клима на
живеење
|