Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Купувањето стан или градењето куќа е еден од најважните настани во животот. Претставува голема инвестиција и честопати е врзано со долготрајни одрекувања.

 

 

Затоа сакаме да Ви ја претставиме нашата понуда и да укажеме на неколку работи на кои треба
да се внимава при изборот. Долгогодишната традиција и искуство во станбената изградба, со безброј изградени станови се гаранција дека со Кнауф лесно и сигурно ќе дојдете до квалитетен дом. Ви предлагаме практични решенија со кои лесно ќе ги остварите вашите идеи. Ќе не радува доколку успееме да Ви помогнеме во напорот да создадете дом по ваша желба.

Кнауф ѕидовите нудат повеќе!         

Флексибилно и функционално

Сакате ли да живеете во стан кој одговара токму на вашите потреби ? Дали некогаш сте помислиле дека становите кои се нудат имаат несоодветен распоред? Со Кнауф повеќе не е потребно вие да се прилагодувате на просторот за живеење. Заради малите тежини Кнауф ѕидовите може да се постават на било кое место, без никакви статички проблеми. Брзината на изведба дозволува распоредот во станот да се измени непосредно пред да се вселите т.е. потполно индивидуално преградување според вашите барања. И најубавото: лесната и прецизна изведба на заоблени и испрекршени ѕидови ќе даде поинаков, модерен изглед на Вашиот стан.
 

 
Здрава клима

Кнауф придонесува за комфорот во Вашиот дом. Кнауф плочите се потполно природни, произведени од најквалитетниот минерал - гипсот и претставуваат беспрекорно здрав материјал. Не содржат никакви штетни додатоци, радиоактивност или канцерогени испарувања. Кнауф плочите не само што „дишат", туку и природно ја регулираат влажноста во просторијата. На тој начин создаваат пријатна и здрава клима за живеење.
 
 


 

Сува и брза градба

Кнауф ѕидовите се состојат од фабрички изработени градежни елементи кои на објектот се монтираат со сува постапка. Заради тоа градењето е многу брзо и се обезбедува подобар квалитет - идеално рамни и мазни површини без пукнатини. По монтажата не е потребно сушење на ѕидовите, тие веднаш може да се бојадисуваат, да се лепат тапети или керамички плочки. За споредба, времето за изведба на 1м2 Кнауф преграден ѕид е 55 минути за разлика од 3часа и 20 минути потребни за класичен ѕид
 
 


Комплетно решение


Сите Кнауф материјали и системи се испитани и атестирани во повеќе европски институции и со години наназад се потврдени како квалитетни и рационални градежни системи за ѕидови, подови и тавани. За постојаноста на квалитетот на производите доказ е сертификатот ISO9001:2000
 
 


Топлината останува дома

Кнауф ѕидовите имаат одлични изолациони својства и повеќекратно ја подобруваат топлинската заштита. Просториите многу бргу се загреваат и тоа придонесува за уште поголема заштеда на топлинска енергија. Со поставување на ѕидна облога на надворешните ѕидови може да се заштеди и до 40% енергија за затоплување
 
   
Обезбедена противпожарност

Добрите противпожарни решенија значат заштита на животите и имотите при евентуален пожар. Кнауф плочата е негорив градежен материјал и благодарение на водата која е содржана во гипсот (околу 3 литри вода во 1м2 плоча) се гарантира до три часа противпожарна заштита
 
   

Звучна заштита


Модерниот човек е изложен на сe поголема бучава. Густ сообраќај на улиците, чкрипење на кочници од автомобилите, гласна музика од системот – сето тоа ни пречи и нe прави нервозни. Затоа, за удобен престој во домот е потребна квалитетна звучна заштита. Кнауф ѕидовите овозможуваат вашиот дом да биде мирно место за живеење. Ќе ве заштитат од надворешната бучава, ќе ве изолираат од соседите... Музиката и звукот од телевизорот повеќе нема да се слушаат во спалната соба.
 
 



Ѕидови на диета


Не постои ниедна разумна причина, зошто внатрешните преградни ѕидови мора да бидат непотребно дебели и тешки. Спротивното има смисла: тенките ѕидови штедат простор, тежина и време.
Кнауф ѕидовите на метална потконструкција претставуваат стабилни, долговечни преградни ѕидови за секој дом. Иако потенки од класичните ѕидови квалитативно задоволуваат во секој поглед. Заради нивните мали дебелини останува повеќе слободен простор за корисникот.
 
 



Преграден ѕид во стан


Преградниот ѕид Кнауф W112 е испробано решение за секој дом. Во следната табела е дадена споредба на ѕидот W112 со најчестиот тип на преграден ѕид кај нас - ѕидот од шуплив керамички блок 12цм.
Очигледно е дека ѕидот W112 има  подобра звучна и топлотна заштита од класичниот малтерисан ѕид. Притоа, доколку во вашиот стан има дваесетина метри ѕидови, вам ви остануваат дополнителни еден и пол квадратен метар корисна површина, а објектот се олеснува за цели  10 тони. За брзината пресметајте сами.
 
 



Прицврстување на товари


Кнауф ѕидовите се појаки отколку што мислите. Што треба да закачите? Слика или полица? Саат или висечки елемент? Кнауф ѕидот држи навистина се. Сигурно и испитано. И не заборавајте притоа дека наместо обичните типли постојат посебни, типли за шуплив ѕид, кои може да се купат во сите продавници за градежни материјали
 
 



За влажни простории


За изведба на бањи се користат Кнауф плочи за влажни простории: гипсеното јадро и картонската обвивка се специјално импрегнирани и отпорни на високата влага и на прскање на вода. Рамните Кнауф ѕидови се подлога на која одлично се лепат сите видови керамички плочки. Освен лесното водење на водоводните цевки во шуплината на ѕидот, Кнауф ви нуди и други можности: да прицврстите конзолна WC шоља или биде, да поставите вградено казанче или да го скриете водомерот во ѕидот

Ако сте на почетокот или можеби веќе градите, доколку размислувате за реновирање – јавете ни се!  Нашиот градежен сервис Ви стои на располагање за сите прашања. Посетете не или побарајте наше стручно лице да дојде кај вас!

 


  назад

 

 



                  Knauf © 2010