|

Вашите ѕидни облоги, преградни ѕидови, тавани и
поткровја изведени со плочата Кнауф La Vita,
освен квалитетна звучна, топлотна и
противпожарна заштита, овозможуваат ефикасна и
мерлива заштита од електромагнетни зрачења.
Ефикасен систем за заштита од електромагнетно зрачење
Многу луѓе реагираат на влијанието на т.н. електросмог во околината. Многу
студии потврдуваат дека електромагнетните зрачења имаат негативно влијание на
човекот. Кај почуствителните се јавува несоница, главоболка, нервоза, замор или
внатрешен немир. Истовремено, во модерните објекти електричните уреди се се
побројни и покомплексни. Не
можејќи да се откаже од благодетите на техничко-технолошкиот развој и да го
елиминира ова зрачење, човекот нема друг избор освен да бара начин да се заштити
од неговото влијание.
Кнауф разви нова технологија која обезбедува ефикасна заштита од зрачање во
објектите: плочата Кнауф La Vita..

Заштитната
плоча Кнауф La Vita делува на база на електроспроводлив картон со карбонски
влакна кој се наоѓа на задната страна. Заштитните плочи Кнауф La Vita се
меѓусебно електроспроводливо поврзани преку металната потконструкција на
преградните ѕидови, ѕидните
облоги или спуштените тавани. Заштитната плоча Кнауф La Vita се монтира
подеднакво лесно и брзо како стандардните Кнауф плочи. Со Кнауф La Vita
истовремено добивате комплетна заштита - звучна,топлотна, противпо‘арна и
заштита од електромагнетно зрачење.
Проблем?
- зголемено оптоварување од наизменични електрични полиња и
електромагнетни бранови (мобилни и бежични телефони)
- инвеститорот често не знае со кои електрични полиња во
иднина ќе биде опкружена неговата куќа
- зголемена потреба за поудобно и поздраво живеење
- бројот на предавателите за мобилна телефонија повеќе се
зголемува
Решение: Кнауф La Vita!
- заштита од високофрекфентно електромагнетно зрачење
- заштита од нискофрекфентни наизменични електрични полиња
- значителна и мерлива заштита
- економски прифатливо решение
- ѕидната облога воедно е и заштитна површина
- осигурана дифузија на пареата низ плочата
- патентиран и проверен систем
|