|
Новата
плоча по име AQUAPANEL® која
ја разви групата
Knauf USG Systems на архитектите
им дава сигурна и докажана алтернатива
за плочите од дрвен материјал, но
претставува и алтернатива за масивниот
начин на градење и класичниот градежен
материјал. AQUAPANEL® е многу
стабилен и носечки градежен материјал.
За внатрешна и надворешна употреба. Со
новата плоча се формира цврста и сува
подлога која е отпорна на висока влага и
директен допир со вода. |
AQUAPANEL® е единствена плоча
од лесен бетон кој се обработува со
рачно засекување и прекршување. На тој
начин плочата побзо и едноставно се
монтира, се троши помалку време за
работа, а поради сувото вградување се
намалува времето на сушење.
Плочата AQUAPANEL®
отвара нова можност за креативно
обликување и овозможува многу поголема
продуктивност при работа. |
Предности на AQUAPANEL®
се:
-
водоотпорност на материјалот
-
отпорност на временски влијание и
влага
-
долговечност на материјалот
-
единствена техничка обработка со
сецење
-
економична работа
-
испитан систем
-
несогорување на материјалот
-
докажани и потполни системи
|
Иноваторски системи од
Knauf USG Systems
Кнауф USG Systems во
Европа е водечки добавувач за системите од плочи
со лесен бетон,
непрестано развива иновациски градежни
материјали и системи за внатрешна и надворешна
примена.
AQUAPANEL®
претставува битен напредок во подрачјето на
лесни бетонски плочи. На основа на 25 години
искуство во производството на плочи од лесен
бетон Knauf USG
Systems ја разви за европскиот пазар на
градежништво особено лесната бетонска плоча
AQUAPANEL®.
AQUAPANEL® е
испитана за примена во целата Европа. Сите
компоненти и целиот типски прибор на производи
се од ист добавувач. Широката продажна мрежа ја
осигурува распространетоста на AQUAPANEL®
во секое време, како би се задоволиле желбите на
градежните фирми и архитекти.
Aquapanel ®
Outdoor
Системи за надворешна примена
Плочата AQUAPANEL® “Outdoor” е
единствено алтернативо решение за вообичаените
градежни материјали при проектирање и изработка
на надворешните ѕидови и фасади. Не ја менува
димензијата, останува тврда, цврста, материјалот
не се троши.
Особено стабилна и
отпорна плоча што брзо и едноставно се монтира.
Системот на надворешни ѕидови обезбедува трајна,
водоотпорна и постојана конструкција која
истовремено има голема моќ на топлинска
изолација. Плочата AQUAPANEL®
“Outdoor” идеална е за поправки, адаптации и
изработка на нови фасади во приватни и јавни
објекти.
Ние создаваме додатен простор
Со употреба на плочите
AQUAPANEL® “Outdoor” за изработка на
надворешни ѕидови останува поголем внатрешен
простор во споредба со класичната, масивна
градба. Иако со помала вкупна дебелина на ѕидот
со AQUAPANEL® “Outdoor”, се
изработуваат цврсти и сигурни ѕидови кои имаат
низа предности во однос на подебелите масивни
ѕидови.
Со помала дебелината на ѕидот се добива поголем
внатрешен простор со истовремена гаранција за
барањата за топлинска заштита на објектот.
Испитано и докажано
Плочите AQUAPANEL®
“Outdoor” е изработена од еколошки беспрекорен
градежен материјал. Иситувањата потврдуваат дека
AQUAPANEL® “Outdoor” ги задоволува
строгите прописи во поглед на противпожарна и
звучна заштита и постојаност на надворешни
атмосферски влијанија.
Технички податоци
Плочата AQUAPANEL®
“Outdoor” се произведува со дебелина од 12,5мм;
класа на противпожарност А1 според DIN 4102.
Aquapanel ®
Indoor
Системи за внатрешна примена
Ѕидовите изработени со AQUAPANEL®
“Indoor” плочите се исклучително стабилни и
оптеретиви, а архитектите имаат можност за
слободно креирање и проектирање на “екстремно
влажните” простории во објектите. Покрај тоа
AQUAPANEL® “Indoor” дава битни
предности во поглед на звучната заштита и
заштитата од пожар. Освен тоа се обезбедува
трајна заштита од влага и вода во простории како
што се базените, колективните тушеви, сауни и
сл.
Водоотпорна алтернатива
Во влажната и мокра
околина, каде не е можна примена на гипсените
импрегнирани плочи, повеќе нема потреба од
долготрајната мокра постапка на класично ѕидање.
Со сувомонтажната изведба со AQUAPANEL®
“Indoor” се постигнува поголема продуктивност
низ заштеда во време на градба и со намален
волумен при транспортот. Плочата AQUAPANEL®
“Indoor” изработена е од портланд цемент и глина,
испитана е од независни акредитирани институции
и е потврдена како исклучителна подлога за
керамички плочки во влажните и мокри простории.
Стабилните плочи не ја губат цврстината, не се
лупат и не се ронат.
AQUAPANEL®
“Indoor” не гори и не содржи опасни материи,
плочата е сигурна и градежно-биолошки
беспрекорна.
Брза, едноставна и ефикасна изведба на
монтажни простории во базени или сауни
- единствената обработка со засекување и
прекршување на плочата овозможува брза и
едноставна монтажа на AQUAPANEL®
“Indoor”.
- заради сувиот начин на монтажа се штедат
време и пари.
Технички податоци
Плочата AQUAPANEL®
“Indoor” се произведува со дебелина од 12,5мм;
класа на противпожарност А1 според DIN 4102.
|