Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Кнауф Rotband е врзивен глет малтер погоден за секоја големина на објект и за секоја подлога. Тој е вистинско решение за помали површини, особено при реновирањето.

  Негова предност во однос на машинските малтери е малата минимална дебелина на нанесување и тоа го прави незаменлив кога треба да се измалтерисаат рамни ѕидови или тавани.

Кнауф Rotband одличното врзува со сите видови подлоги вклучително и бетон.
 

 
Малтерот се меша во сад со чиста вода со електричен миксер се додека не се добие фина смеса без грутчиња.
 
Се нанесува на ѕидот или таванот најдоцна 20 минути по мешањето и се порамнува со трапезна летва. Обработливоста на Кнауф Rotband е околу 90 минути.


 
Откако гипсениот малтер ќе се врзе со водата, површината лесно се навлажнува и се филца со кружни движења со сунѓереста папуча. Со тоа се врши фино распределување на малтерот.
 
Конечно, пред да стврдне малтерот се глетува со што се добива завршна мазна површина.

 

 



 
  назад



                  Knauf © 2010