Knauf      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

ЧУВСТВО НА УДОБНОСТ ВО ЦЕЛАТА КУЌА

 

Гипсот - дар од природата

Гипсот е еден од најстарите градежни материјали. Човештвото скоро илјада години ги ужива благодетите на овој дар од природата": од гипсените соби во пирамидите, преку гипсените орнаменти во барокните градби...
Денес гипсот, со неговата многустрана примена, придонесува
за пријатен амбиент и креативни решенија во милиони современи објекти.
 
Биолошки беспрекорен материјал

Гипсените градежни материјали го гарантираат здравото и пријатно живеење. Првенствено заради  одличните здравствено-биолошки карактеристики на гипсот. Тој е потполно природен материјал, идеален во поглед на радиоактивноста, без штетни состојки, материјал без мирис и испарувања. PH-вредноста на гипсот е како човековата кожа.
 
Удобност пред се

Ставете ја некогаш раката на гипс и ќе почувствувате пријатна топлина. Гипсените површини едноставно даваат чувство на удобност. Освен тоа, гипсените материјали со својата мала топлопроводливост ја спречуваат загубата на топлина и штедат енергија.
Гипсените површини  "дишат" и се грижат за природна размена на влагата во просториите. Освен  тоа, благодарение на кристалната структура и неговите пори, гипсот природно ја регулира влажноста на воздухот. Брзо ја прима прекумерната влага предизвикана од туширање, готвење, перење или дишење, привремено ја задржува во себе и ја враќа назад кога воздухот во просторијата ќе се исуши. На тој начин гипсот придонесува за идеална влажност во просторијата и пријатна атмосфера за работа и живеење.

ПРЕДНОСТИ НА ГИПСЕНИТЕ МАЛТЕРИ

■ Малтерисување во „еден чекор". Кнауф гипсените глет малтери се револуционерно решение во однос на сите останати техники на малтерисување. За разлика од класичното малтерисување кое се изведува во четири фази и за кое се потребни неколку дена, со Кнауф се малтерисува во „еден слој" и уште истиот ден се добива готова глетувана површина.

■ Брзина. Освен тоа што брзо се нанесуваат и обработуваат гипсените малтери истотака се сушат побргу од останатите: зависно од надворешната температура и дебелината, може да се молерисуваат од 10 до 14 дена по нанесувањето.

■ Многустраност. Кнауф гипсените глет малтери имаат универзална примена. Од подрум до кров – за ѕидови и тавани вклучително и во кујните и бањите. Одлично се нанесуваат на различни видови подлоги (цигли, бетон, сипорекс...)

■ Флексибилност. Кнауф гипсаните малтери обезбедуваат подеднакво добар квалитет ако се нанесуваат тенкослојно или дебелослојно, а може да се обработуваат машински или рачно.

■ Огноотпорност. CaSO4 x H2O, хемиската формула на гипсот објаснува се: во неговиот кристален состав се содржани две молекули вода кои при горење се ослободуваат и прават обвивка од пареа. Кнауф гипсените малтери се негориви и обезбедуваат висока и сигурна противпожарна заштита.

■ Индивидуална површинска обработка. Со Кнауф гипсените глет малтери се постигнува рамна и мазна површина која е идеална подлога за молерисување, за лепење тапети или керамички плочки.

■ Кога тврдото ќе удри на тврдо. Кнауф гипсаните малтери имаат одлична отпорност на притисок и на гребење. Слободно може да се коваат помали или поголеми клинци и притоа површината гарантирано нема да се искрши или истроши.

■ Постојаност. Заради еластичноста на гипсените малтери, гарантирано се добиваат големи површини без пукнатини и во новоградби и во " ризични" објекти и при големи потреси и оптоварувања.

■ Економичност. Економичноста на Кнауф гипсените малтери се должи на неколку моменти: мала тежина, голема издашност, мали минимални дебелини и незначителен растур заради добрата лепливост.

■ Стандарден квалитет. Кнауф гипсените глет малтери се фабрички малтери, произведени со најсовремена технологија која обезбедува постојан квалитет во согласност со Европските норми.















 

  назад



                  Knauf © 2010