
Рачниот врзивен малтер за внатрешна примена
Ротбанд и универзалната глет маса Топ Финиш се
едни од најинтересните и технолошки
најсупериорни производи на Кнауф од програмата
гипсени малтери и гипсени глет маси. За да им
излезе пресрет на сите потрошувачи на овие два
производа, Кнауф освен во вреќи од по 30 т.е. 25
кг, пушти во продажба и мали пакувања од 5кг. Со
тоа овој производ ќе биде подостапен за секое
домаќинство кое има потреба од помали зафати.
Мало потсетување:
Рачниот врзивен малтер за внатрешна примена
Ротбанд, се употребува за внатрешни површини за
сите градежни подлоги (готови бетонски елементи,
сите видови бетонски површини, гипсени плочи,
цигли, итн). Со Ротбанд е доволно само еден слој
нанесување преку целата површина, затоа што со
овој производ се врши и малтерисување и
глетување во ист чекор! Со ова површината е веќе
подготвена за бојадисување .
Дебелина на нанесување: 5-50 мм.
Топ Финиш е универзална глет маса на база на
гипс која се препорачува за завршно (фино)
глетување на бетонски или малтерисани површини,
како и на гипсени плочи (за внатрешна примена).
Се препорачува освен за глетување на големи
површини и за едноставно израмнување на
пукнатини и шуплини.
-Дебелина на нанесување: 0-4 мм.
Напомена: Површините кои силно впиваат треба
да се премачкаат со Кнауф Тифенгрунд
(Tiefengrund) а, а слабо-впивливите бетонски
површини треба да се премачкаат со Кнауф
Бетоконтакт (Betokontakt).
|