Knauf      
 
Прва страница

Ние за нас

Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Kur muret dhe tavanet kėndojnė

 

 



Модерната ерхитектура отсега може и да се гледа и да се слуша! Кнауф површинските звучници се апсолутно невидливи и се грижат притоа за добриот звук.

Недопрена естетика

Единствено кога техничките приклучоци остануваат скриени во празниот простор, слободата за обликување на просторот доаѓа до полн израз. Кнауф површинските звучници се апсолутно невидливи.

Кнауф плочата може да се обработи на сите вообичаени начини, а притоа квалитетот на звукот да не се промени.

Оптимална резонанца

Бидејки целата површина на плочите функционира како резонатор, Кнауф површинските звучници покриваат многу широк фрквенциски опсег од 100Hz до 18KHz. Се добива добра разбирливост на говорот и звукот се распростира по голема површина со што во целиот озвучен простор се постигнува пријатен звук

Помалку е повеќе

Звучните бранови се шират под 180° и затоа може да се редуцира бројот на класичните звучници - при непроменет квалитет на звук.
Кнауф површинските звучници може да се приклучат на вообичената стерео опрема, за нив не се потребни специјални појачала или сл.

Увидете ја разликата

Кнауф површинските звучници нудат речавачки предности наспроти вообичаените конусни звучници.

Вообичаени конусни звучници.
 
  • интензивна групираност на звукот
  • нерамномерна распределба на фреквенциите
  • на поедини места неразбирливост на говорот и звукот

Кнауф површинските звучници

  • широкопојасно распростирање на целиот фреквентен опсег
  • многу добра рабирливост
  • рамномерно озвучување на големи површини

Начин на функционирање

ПРЕДНОСТИ И ПРИМЕНА

Кнауф Soundboard во практиката:

  • невидлив-слобода во проектирањето
  • целосно озвучување на просторот
  • висока разбирливост на звукот
  • намалување на трошоците

Примена-каде што се бара добар звук:

  • јавни објекти
  • готови куќи
  • сали за конференции и аудиториум
  • саеми и продавници
  • ресторани и хотели
  • аеродроми и училишта
 





















  назад

 

 



                  Knauf © 2010