Knauf      
 
Прва страница

Ние за нас

Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Кнауф К1 материјал за фугирање и глетување на Кнауф плочи

 

 

Универзален – од 0 - 40 мм

За врвни површини во новоградбите кои се бојадисуваат или како подлога за тапети и облоги од секаков вид.

Квалитетот на површинската обработка на таваните и ѕидовите и глетувањето се одлучувачки фактори за накнадната обработка на површината. За највисоките барања – за специјални тапети, бои и премази или други висококвалитетни облоги- Кнауф разви еден сосема поинаков материјал. Кнауф К1 ги обедини предностите на малтерот со својствата на глетмасата.

Создаден од праксата – за во пракса

К1 е глетмаса на база на гипс модифицирана со дисперзиски адитиви. Се препорачува за сите видови подлоги за перфектно изведени површини.

Ваша добивка:
 

  • Олеснување на работата заради широкото подрачје на примена
  • Врвен квалитет на површината
  • Заштеда на материјал заради големата издашност
  • Добивка во време заради добрата обработливост

Подрачјето на примена

К1 е широко: може да се користи за израмнување на нерамни површини, како и за завршно глетување-суперфиниш на рамни подлоги како бетон, гипсени плочи или грубо глетувани малтерисани површини.

Дебелината на нанесување од 0-40мм овозможува пополнување на фугите кај гипсените плочи, нерамнини од шалувањето или пукнатини во бетонските површини или за изедначување на малите нерамнини кај таванските или ѕидни површини.
Кнауф К1 се суши без собирање, подеднакво, независно од дебелината на нанесениот слој и гарантира површини без пукнатини.

Кнауф К1 – накратко:

  • Применлив за сите видови подлоги (бетон, сипорекс, малтери, гипсени плочи)
  • Рачна или машинска обработка
  • По потреба се нанесува тенко- или дебелослојно
  • Се суши без собирање и без пукнатини и при големи дебелини
 









Висок квалитет на целата површина;
Кнауф К1 е решение за сите видови
подлоги во ентериерот. Се
обработува рачно или машински:



 




  назад

 

 



                  Knauf © 2010