
Некаде кон крајот на 60-тите години од минатиот век, кога за првпат почнаа да се употребуваат термоизолациски фасадни системи, малкумина можеа да си замислат дека само 4-5 децении подоцна токму овие системи ќе бидат дел од секој градежен објект речиси на секој дел од светот. На изумителите на овие системи, поборниците за нивната примена, визионерите кои ги развиваа термоизолациските фасадни системи можеме да им се заблагодариме што конечно и во градежништвото имаме масовна примена на систем кој е од големо значење од еколошка и економска гледна точка за иднината на човештвото.
Како компанија, како визионер за развој на напредни системи во градежништвото, Кнауф од самото „раѓање“ на термоизолациските фасадни системи придонесува за нивен развој како од почетокот во матичната земја и фабрика, преку ширење низ западна Европа сé до денес каде благодетите на овие системи можеме да ги вкусиме и во источниот и југо-источниот дел на Европа, развивани во свои центри, произведени во свои производствени погони. Кнауф фасадните системи ги задоволуваат највисоките пропишани стандарди и ги задоволуваат и најстрогите барања во модерното градежништво.
Фасадните системи со темоизолација покрај тоа што наоѓаат примена веќе во секој објект за новоградбата, еднакво толку се користат и при реконструкции и санации на веќе постоечки објекти каде со поставување термо фасада секој од нив добива нова димензија во полето на енергетската ефикасност.
Од оваа година Кнауф фасадни системи се присутни и во Македонија. Секако за беспрекорно да функционира секој термофасаден систем кој на еден начин претставува сендвич од минимум 8 слоеви, на располагање го ставаме нашиот стручен тим за техничка поддршка.
Од фасаден систем за освежување на веќе застарена фасада, преку термоизолациски фасаден систем со EPS изолација, преку системот со камена волна со доста предности, па сé до термофасадниот систем со природен камен, Кнауф секој дом го штити од надворешни влијанија и го прави топол.
Александар Николовски, контакт лице за оваа програма во Кнауф Македонија
nikolovski.aleksandar@knauf.com.mk
|