|
Гипс и дрво – нова димензија
на градење
Битни моменти во дискусиите за примена на
дрвото во градбата се екологијата и
економичноста. Технички
смислени решенија се остваруваат токму
во индустријата на монтажни куќи, со комбинација
на дрвената конструкција и сувата монтажна
градба со гипсени плочи.
Во нашите краеви само 1% до 2% од станбените
објекти се изградени од дрво. Во Скандинавија ги
има повеќе од 90%, а во Северна Америка и
Јапонија ги има приближно 70%. Меѓутоа
состојбата постепено се менува. Најновите
истражувања покажуваат дека се менуваат
општествените вредности – младата генерација
денес подобро ја прифаќа изградбата на куќите од
дрво.Градењето со дрво
овозможува изработката на тесни и лесни
констукции, потрошувачката на градежен материјал
е помала, а со тоа и вкупната тежина е помала.
Дрвените елементи се изработуваат во работилници
и покасно се монтираат на градилиште, а
завршните работи се изведуваат со сувомонтажна
постапка со гипсени плочи. Времето на изградбата
е значително помало, вкупните трошоци се помали.
Може да се работи и при многу ниски температури
а поради сувата монтажа отпаѓа времето потребно
за сушење.
Дрвото е потребен и сигурен партнер во
градбата
Дрвото бара ангажирање на
стручни лица кои при изградбата обезбедуваат
висок квалитет со сигурни конструктивни детали и
точна изведба. Проектот е онолку добар колку што
е квалитетен вградениот материјал. Стабилните
Кнауф плочи и перфектната техника на обработка
на споевите на плочите обезбедуваат изведба на
тавани, ѕидни и подни површини без пукнатини и
при тоа овозможуваат заштита од пожар и бучава. |