Knauf      
 
Прва страница

Ние за нас

Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Економично решение за сите типови на противпожарни барања од 30 до 120 минути, кои на проектантите и изведувачите им го олеснуваат остварувањето на индивидуалните барања за противпожарна заштита во комбинација со естетските и акустичните потреби во просторијата.

 

Заштита од пожар со Кнауф системите

Четири системи на противпожарни тавани за ефикасна заштита од пожар

Технолошки ефикасен спој на противпожарни барања со акустични и толински функции овозможуваат голема флексибилност и широка примена на противпожарните и акустични спуштени тавани.

Доследната примена на системски комбинации во голема мера влијае на цената на изведбата: идеалните распони и дебелини на потконструкцијата го оптимираат трошокот за материјал и поволно влијаат на обемот на работата кај монтажата.

Современите решенија на изведба се одликуваат со максимална флексибилност и функционалност. Со новите сигурни и едноставни решенија со Кнауф системите на двојни тавани се докажува како со комбинирање на градежно-физичките функциски слоеви може да се исполни секое барање при уредување на ентериерите.

1.рамнина: противпожарен таван

Првата рамнина претставува независен противпожарен спуштен таван и може да задоволи противпожрни барања од 30 до 120 минути:

a) Систем Кнауф D113 за заштита F 30 со два слоја на противпожарна плоча F13
b) Систем Кнауф D112 за заштита F 60 со два слоја на противпожарна плоча F15
c) Системот Кнауф D116 за заштита F 90 со два слоја на масивни плочи 20мм
d) Системот Кнауф K218 за заштита F 120 со два слоја FIREBOARD плоча 25мм

Наведените системски тавани може да се применат кај сите видови тавани и обезбедуваат заштитата од пожар оддолу.

Детали за противпожарните тавани се опишани во техничкиот лист D11

2.рамнина: повеќефункциски таван

Втората рамнина на спустениот таван се прицврстува директно за потконстру-кцијата на противпожарниот таван.

Според индивидуалните барања во меѓупросторот на двата слоја може да се спроведат потребните инсталации или со помош на изолациски материјал да се обезбеди топлинска и звучна заштита. Со примена на перфорирани Кнауф плочи може да се исполнат различни барања за акустика и звучна апсорпција во просторот.

Дозволени тежини за втората рамнина на спуштениот таван се макс.15 кг/м2, при што евентуални дополнителни товари треба да се земат предвид при поставување на потконструкцијата на горниот противпожарен таван (види го табелараниот приказ D127)
 

 



 
  назад



                  Knauf © 2010