Knauf Weltmarktführer in Gipsplatten      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

Разни предмети можат сигурно да се прицврстат на било кое место на Кнауф сувомонтажните ѕидови или тавани.

 

Кнауф плочите држат разни ѕидни товари…

Решавачка за цврстината и безбедноста е употребата на соодветни средства за прицврстување. Обезбедете ја сигурноста и цврстината на Вашите закачени предмети со Кнауф техниката на прицврстување.

Ѕидни товари:

Плоснати товари (слики, плочи и сл.) може да се прицврстат со ПВЦ типли за шуплив ѕид. Една типла носи тежина до 20кг (кај еднослојна облога со Кнауф плоча од 12,5мм).

Лесни висечки елементи се прицврстуваат со метални типли за шуплив ѕид. Растојанијата при монтажа во плочата мора да бидат минимум 75 цм. Санитарната опрема ( лавабоа, висечки WC шољи, бојлери и сл.) се прицврстуваат на посебни челични носачи, составен дел на програмата на Кнауф. Кај лепените Кнауф плочи, тешките ѕидни товари треба да се прицвстат во масивниот ѕид позади облогата.

Додатни оптеретувања на спуштените тавани:

Лустери и други светилки може да се обесат на било кое место на спуштените Кнауф тавани или на таванските облоги со метални типли за шуплив ѕид. При растојание на типлите од 40 цм, максимално дозволено оптеретување е 3 кг по типла. Товари со поголема тежина треба да се закачат на металната потконструкција или директно на носивиот таван.

 

 

 

 

 


 
Универзална ПВЦ типла. Кај еднослојна облога со Кнауф плоча 12,5мм максималното оптеретување е 17-24 кг (зависно од големината на типлата). Кај двослојна облога со Кнауф плоча 12,5мм максималното оптеретување е 24-28 кг (зависно од големината на типлата).
Метална типла за шуплив ѕид. Кај еднослојна облога со Кнауф плоча 12,5мм максималното оптеретување е 35-40 кг (зависно од големината на типлата). Кај двослојна облога со Кнауф плоча 12,5мм максималното оптеретување е 45-50 кг (зависно од големината на типлата).
Посебна метална типла
  назад



                  Knauf © 2010