Knauf Weltmarktführer in Gipsplatten      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа
 
 
 
Смеса за израмнување на подови (Fließ-Bodenspachtel)

Fließ-Bodenspachtel е прашкаст материјал на база на цемент; се припрема со додавање на вода.

Својства

  • отпорност на концентрирани товари (тркалца од столица)
  • самонивелирачки
  • без цветања

Подрачје на примена

  • израмнување на нерамнини на различни подлоги, на пр. цементна кошулка, анхидритен естрих или камени подлоги.
  • за површинско глетување на Кнауф сувиот естрих
  • за внатрешна примена

Забелешки

  • потрошувачка на материјал: околу 1,3kg/m2 за 1mm дебелина на нанесен слој.
  • кај подно греење на материјалот треба да се додаде Кнауф Kleber- или Boden-Elast.
  • при собна температура после 2-3 часа може да се оди по површината.
  • поставување на керамички плочки, тепих или ПВЦ подови е можно најрано после 24 часа.
  • лепење на теписон, паркет или ПВЦ подови најрано после 8 недели (макс.0,1% заостаната влага).

Смеса за израмнување на дрво, естрих и бетон (Fließspachtel)
Fließspachtel е прашкаст материјал на база на цемент; се припрема со додавање на вода.

Својства

  • отпорност на концентрирани товари (тркалца од столица) при слој од 2мм
  • самонивелирачки
  • појачан со влакненца
  • брзо стврднува

Подрачје на примена

  • израмнување на нерамнини на различни подлоги, на пр. дрвени подови и скали, шперплочи, бетонски подови и цементна кошулка.
  • за површинско глетување на Кнауф сувиот естрих
  • за внатрешна примена

Забелешки

  • потрошувачка на материјал: околу 1,5kg/m2 за 1mm дебелина на нанесен слој.
  • кај подно греење во материјалот треба да се додаде Кнауф Kleber- или Boden-Elast.
  • при собна температура после 2-3 часа може да се оди по површината.
  • поставување на керамички плочки, тепих или ПВЦ подови е можно најрано после 24 часа.
  • лепење на керамички плочки само со оплеменети лепаци.
  • лепење на теписон, паркет или ПВЦ подови најрано после 8 недели (макс.0,1% заостаната влага).

Еластична смеса за израмнување (Fließspachtel flexibel)

Својства

  • отпорност на концентрирани товари (тркалца од столица) при слој од 2мм
  • самонивелирачки
  • се стврднува без напрегања
  • високо отпорен материјал
  • постојан на мраз

Подрачје на примена

  • израмнување на нерамнини на цементна или анхидритна кошулка препорачлив за дрвени, бетонски и камени површини.
  • посебно препорачлив за површини изложени на големи температурни промени, на пр. естрих со подно греење.
  • високо отпорен материјал, по сушењето може да се користи како површина за лесни и средни оптеретувања, на пр. за гаражи.
  • за внатрешна и надворешна примена

Забелешки

  • потрошувачка на материјал: околу 1,5kg/m2 за 1mm дебелина на нанесен слој.
  • при собна температура после 4 часа може да се оди по површината.

Fließspachtel flexibel е прашкаст, синтетски оплеменет, материјал на база на цемент за израмнување на подни нерамнини.

 

Репаратурна глетмаса (Reparatur Spachtelmasse)

Reparatur Spachtelmasse се користи за пополнување, нивелирање и израмнување.

Својства

  • високо отпорен материјал
  • постојан на мраз

Подрачје на примена

  • израмнување на нерамнини на цементна или анхидритна кошулка препорачлив за дрвени, бетонски и камени површини. Погоден е и за ѕидни површини.
  • за внатрешна и надворешна примена

Забелешки

  • потрошувачка на материјал: околу 20kg=12l мокар материјал.
  • кај подно греење во материјалот треба да се додаде Кнауф Kleber- или Boden-Elast.
  • време на врзување е околу 25 минути.

  назад


                  Knauf © 2010