Припрема |
Индустриски подготвените
малтери, лепаци и смеси за глетување пред
обработката се мешаат со чиста вода во
хомогена маса без грутчиња. Дел од водата
испарува при втрднувањето, а дел останува во
хемиската структура на материјалот. При
израмнување на невпивливи подлоги се користи
посебен додаток Кнауф Boden-Elast кој ја
подобрува врската меѓу стариот и новиот
материјал. |
|
Цветање |
Бели дамки на површината
на фугата кои настануваат поради
заостанатата влага во подлогата. Може да се
отстранат со Кнауф средството за цементни
дамки. |
| Чешлање |
Поим што се користи при
обработка на лепакот за керамички плочки и
подни облоги. За нанесување на лепакот по
целата површина низ него се провлекува
назабена глетарица. Со оваа постапка се
подобрува моќта на лепење на материјалот. |
| Допир
со прст |
Времето за кое
материјалот има својства на лепење зависи од
температурата и влагата. Зависно од лепакот
тоа време изнесува околу 10 минути. Кога
еднаш ќе се формира кожичка на површината на
лепакот, веќе не е можна сигурна обработка
(проба со прст). Тогаш треба да се нанесе
свеж лепак. |
|
Импрегнација |
Скоро секоја подлога која
треба да се поплочи, малтериса, глетува,
дихтува, израмни или да се обложи со
теписон, бара претходен темелен премаз со
соодветно средство за импрегнација. Со тоа
се намалува впивливоста на подлогата, се
лепи градежната прашина и се создаваат
идеални услови за лепење на материјалот кој
се нанесува на подлогата. |
|
Проблематични подлоги |
Подлогите кои заради
специфични услови, на пр.заради влага, го
менуваат својот облик (дрвени подови или
шперплочи) или кои делумно ги губат својства
на лепење треба на посебен начин да се
припремат за обработка. Тоа се прави со
додавање на посебни додатоци при мешање на
основниот материјал. Истото важи и за мазни,
слабо впивливи подлоги. |
|
Растворувачи |
Растворувачи се средства
кои ги раствараат крутите материјали.
Бидејки најголемиот број растворувачи се
штетни за здравјето и еколошки неподобни,
Кнауф скоро сите тие средства ги замени со
нешкодливи и еколошки алтернативи. |
|
Отворено време |
Го означува времето меѓу
нанесување на материјалот на подлогата и
создавање кожичка или почеток на стврднување
на материјалот. Тоа е време по нанесување на
материјалот во кое е можна обработка. |
| Време
на созревање |
Време на чекање потребно
кај некои материјали по додавањето вода и
мешање. Со нанесување и обработка на
материјалот треба да се почне по истекот на
ова време. |
| Време
на сушење |
Време потребно
материјалот потполно да се исуши.
Понатамошните работи, на пр. нанесување
лепак за керамички плочки врз основен премаз
или импрегнирана површина се изведува откако
поминало времето на сушење. |
| Вишок
на вода |
Употребата на преголема
количина вода кај припрема на смесата. Вишок
на вода во смесата може да ги промени
својствата на материјалот. |
|
Големина на назабување |
Големината и висината на
жлебовите кај назабената глетарица која се
користи при чешлање на лепакот. Препорачани
големини за вообичаени случаи се 4 т.е.6мм.
Ако задната страна на плочката е изразито
профилирана, треба да се користат поголеми
назабувања. |