Knauf Weltmarktführer in Gipsplatten      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа
 
 
 
 
   
Лепак за плочки „N“ – Fliesenkleber „N“
Тип на производот
  • Фабрички подготвен лепак на база на цемент за лепење на плочки во внатрешни простории

Област на примена

  • Се користи за лепење на керамички плочки чие впивање на вода е повеќе од 0,5% (ISO 13006) – нормално порозна керамика. Како подлога за лепење на плочки може да послужат сите видови внатрешно малтерисани ѕидови и естризи чија минимална дебелина мора да биде 1cm.

Изработка

  • Содржината на вреќата (25 кг) се додава во околу 7л чиста вода и се меша додека масата во потполност не се хомогенизира. После тоа, подготвената маса се остава 5 мин да отстои и уште еднаш се промешува. Вака подготвениот материјал е готов за употреба. Конзистентноста по потреба може да се прилагоди со додавање на вода или прав. Отворено време за работа е околу 5 часови, додека време за поставување и поправка е околу 15 – 20 мин.

Потрошувачка на материјал

  • Содржината на вреќата (25 кг) овозможува покирвање на околу 17 m2 (дебелина на слој 4mm).

Напомена

  • За време на употребата температурата на воздухот, материјалот и подлогата мора да биде помеѓу +5 С и +25 С. Фугирањето е можно дури после потполното сушење на лепакот. Дамките од лепакот, настанати за време на работата потребно е да се исчистат пред врзувањето. Силно впивачките подлоги потребно е да се обработат со темелен премаз.

Рок на употреба и чување (складирање)

  • 12 месеци на палети на суво, во оригиналното пакување.

Технички податоци

  • Дебелина на нанесениот слој на лепак: 2-5 mm
  • Работна температура/ температура на подлогата: помеѓу +5 С и +25 С
  • Потрошувачка на вода: сса. 7,5 л/вреќа
  • Потрошувачка на вода: сса. 280 мл/кг
  • Време потребно да отстои малтерот: сса. 5 мин.
  • Отворено време: * сса. 5 ч.
  • Време за поставување *: сса. 20 мин.
  • Време за поправки *: сса. 15 мин.
  • Преоден после *: сса. 1 ден.
  • Време после кое е расположлив за ѕид*,**: сса. 1 ден.
  • Време после кое е расположлив за под*,**: сса. 2 дена.
  • Време после кое површината е потполно оптоварлива*: сса. 7 дена.
  • Постојан во температурен опсег: помеѓу -20 С и +80 С

*на 23 С и при 50% релативна влажност на воздухот
** после потполното сушење на малтерот

Податоци за потрошувачка

  • Назабеност на шпаклата 4mm: 1,5 кг/ m2
  • Назабеност на шпаклата 6mm: 2,3 кг/m2
  • Назабеност на шпаклата 8mm: 3,1 кг/m2

 

Лепак за плочки „DIN“ – Fliesenkleber „DIN“

Тип на производот

  • Фабрички подготвен лепак за плочки на база на цемент наменет за примена надвор – отпорен на дејството на мразот.

Област на примена

  • Се користи за лепење на керамички плочки наменети за примена однадвор, чие впивање на вода е поголемо од 0,5% (ISO 13006) – нормално порозна керамика. Се препорачува и за лепење на плочки на јавни простори со поголеми оптоварувања (трговски центри, ходници на јавни установи, сали, училишта и сл.) Како подлога за лепење на плочките може да послужат сите видови внатрешно малтерисани ѕидови и естризи чија минимална дебелина мора да биде 1cm.

Изработка

  • Содржината на вреќата (25 кг) се додава во околу 7,5л чиста вода и се меша додека масата во потполност не се хомогенизира. После тоа, подготвената маса се остава 5 мин да отстои и уште еднаш се промешува. Вака подготвениот материјал е готов за употреба. Конзистентноста по потреба може да се прилагоди со додавање на вода или прав. Отворено време за работа е околу 5 часови, додека време за поставување и поправка е околу 20 – 30 мин.

Потрошувачка на материјал

  • Содржината на вреќата (25 кг) овозможува покирвање на околу 17 m2 (дебелина на слој 4mm).

Напомена

  • За време на употребата температурата на воздухот, материјалот и подлогата мора да биде помеѓу +5 С и +25 С. Фугирањето е можно дури после потполното сушење на лепакот. Дамките од лепакот, настанати за време на работата потребно е да се исчистат пред врзувањето. Силно впивачките подлоги потребно е да се обработат со темелен премаз.

Рок на употреба и чување (складирање)

  • 12 месеци на палети на суво, во оригиналното пакување.

Технички податоци

  • Дебелина на нанесениот слој на лепак: 2-5 mm
  • Работна температура/ температура на подлогата: помеѓу +5 С и +25 С
  • Потрошувачка на вода: сса. 7,5 л/вреќа
  • Потрошувачка на вода: сса. 300 мл/кг
  • Време потребно да отстои малтерот: сса. 5 мин.
  • Отворено време: * сса. 5 ч.
  • Време за поставување: * сса. 30 мин.
  • Време за поправки: * сса. 20 мин.
  • Преоден после: * сса. 1 ден.
  • Време после кое е расположлив за ѕид*,**: сса. 1 ден.
  • Време после кое е расположлив за под*,**: сса. 2 дена.
  • Време после кое површината е потполно оптоварлива*: сса. 7 дена.
  • Постојан во температурен опсег: помеѓу -20 С и +80 С

*на 23 С и при 50% релативна влажност на воздухот
** после потполното сушење на малтерот

Податоци за потрошувачка

  • Назабеност на шпаклата 4mm: 1,4 кг/ m2
  • Назабеност на шпаклата 6mm: 2,2 кг/m2
  • Назабеност на шпаклата 8mm: 2,9 кг/m2

 

Флексибилен лепак за плочки – Flexkleber
Тип на производот
  • Фабрички подготвен флексибилен лепак на база на цемент со додадени адитиви за лепење на плочки отпорен на дејството на мразот.

Област на примена

  • Се користи за лепење на сите видови слабо и силно впивачки керамички плочки и гранитна керамика. Благодарејќи на флексибилните својства има најширока примена и може да се користи за лепење на плочки врз плочки, како и на подлоги изложени на влијанија кои ја деформираат (подови со подно греење, ладилници, балкони и сл.) Се користи за обложување на ѕидови, подови и плафони, одвнатре и однадвор.
  • Кнауф флексибилниот лепак може да се користи на најразлични подлоги како што се: цементни, суви и анхидритни естризи, леани, префабрикуван и лесен бетон, варовнички, варовничко – цементни и гипсени малтери , гипсени и цементни плочи.

Изработка

  • Содржината на вреќата (25 кг) се додава во околу 8л чиста вода и се меша додека масата во потполност не се хомогенизира. После тоа, подготвената маса се остава 5 мин да отстои и уште еднаш се промешува. Вака подготвениот материјал е готов за употреба. Конзистентноста по потреба може да се прилагоди со додавање на вода или прав. Отворено време за работа е околу 5 часови, додека време за поставување и поправка е околу 25 – 40 мин.

Потрошувачка на материјал

  • Содржината на вреќата (25 кг) овозможува покирвање на околу 17 m2 (дебелина на слој 4mm).

Напомена

  • За време на употребата температурата на воздухот, материјалот и подлогата мора да биде помеѓу +5 С и +25 С. Фугирањето е можно дури после потполното сушење на лепакот. Дамките од лепакот, настанати за време на работата потребно е да се исчистат пред врзувањето. Силно впивачките подлоги потребно е да се обработат со темелен премаз.

    GK плочи - Tiefengrund
    Ќелиски (гас) бетон - Grundiermittel
    Мазни бетонски површини - Kontakt B

Рок на употреба и чување (складирање)

  • 12 месеци на палети на суво, во оригиналното пакување.

Технички податоци

  • Дебелина на нанесениот слој на лепак: 2-5 mm
  • Работна температура/ температура на подлогата: помеѓу +5 С и +25 С
  • Потрошувачка на вода: сса. 8 л/вреќа
  • Потрошувачка на вода: сса. 320 мл/кг
  • Време потребно да отстои малтерот: сса. 5 мин.
  • Отворено време *: сса. 5 ч.
  • Време за поставување *: сса. 40 мин.
  • Време за поправки *: сса. 25 мин.
  • Преоден после *: сса. 1 ден.
  • Време после кое е расположлив за ѕид*,**: сса. 1 ден.
  • Време после кое е расположлив за под*,**: сса. 2 дена
  • Време после кое површината е потполно оптоварлива*: сса. 7 дена
  • Постојан во температурен опсег: помеѓу -20 С и +80 С

*на 23 С и при 50% релативна влажност на воздухот
** после потполното сушење на малтерот

Податоци за потрошувачка

  • Назабеност на шпаклата 4mm 1,4 кг/ m2
  • Назабеност на шпаклата 6mm 2,1 кг/m2
  • Назабеност на шпаклата 8mm 2,8 кг/m2

Задржуваме право на технички промени.
Податоците за потрошувачка, количина и начинот на работа се искуствени, така што во пракса може да дојде до извесни промени.

  назад


                  Knauf © 2010