
Историја
на плочките
Материјалот се користел при
погребните ритуали, се изработувале и кипови и садови.
Во Месопотамија печената керамика и плочките брзо се
развиле и станале важни градежни материјали. Следеле
Египет, Грција и Рим. Особено римската култура за
користење на купки придонела за победничко ширење на
плочките по целото царство. Арапските народи многу рано
ја откриле глазираната глинена керамика, холандските
обоени плочки имаат еднакво важна традиција, како
шпанската или португалската „azulejos“. Денес е
невоможно да се замисли животот без плочки и други
керамички облоги, како и природен и вештачки камен - во
кујна, купатило, WC или на тераса. Покрај тоа често се
поплочуваат и гаражи и базени.
Местењето плочки е
толку едноставно
Плочките може да ги поставите сами
- со тоа се штедат пари и работата пружа големо
задоволство. Особено доколку постои вистински материјал
за поставување плочки. Кнауф е идеален партнер за Вашите
идеи, затоа што за секое барање се нуди соодветен
производ: од импрегнација, преку лепила за плочки и
фигурни маси, па се до средства за заптивање и чистење.
Сите производи се со највисок квалитет и меѓусебно се
ускладени.
Во продолжение се прикажани најважните работни постапки
и се наведуваат многу практични совети.
На што треба да се
внимава
-
Задолжително
проверете дали подлогата е сува, чиста, без
нечистотии, впивлива и носива.
- Сите подлоги треба претходно да се импрегнираат.
- За секое подрачје на примена мора да се користат
соодветни лепила и смеси за фугирање.
- Потребно е да се води сметка за складирањето на
материјалот, на место суво и заштитено од мраз.
- Правилниот алат ја олеснува работата.
- Се користи само чист алат и чиста вода.
- За балкони и тераси се користат само плочки, кои
се отпорни на мраз.
|