Cotto се изработува од глина и тоа
само од наоѓалиштето кое се наоѓа во близина на Фиренца.
Cotto денеска се произведува претежно фабрички, меѓутоа
во материјалот и понатаму останала одредена нееднаквост
на бојата и површинската структура, која е типична за
тој материјал.
Плочи од Cotto, глина или
керамичка глина на различни начини впиваат вода и
нечистотија. Со нанесување на хидрофобен слој (импрегнација)
скоро потполно се спречува продирањето на влага на
површината на материјалот. Страничната врска со масата
за фугирање останува цврста. Импрегнацијата се изведува
со импрегнтор Extraschutz или со млеко за нега
Pflegemilch. Во подрачјето на кујната и трпезаријата
површинската обработка со импрегнација спречува впивање
на масло и маснотии во материјалот.
Надворешна
импрегнација со Aussen-impregnierung
Од надвор (на површина од Cotto,
глина и керамичка глина, која е заштитена од студ)
импрегнацијата со Aussenimpregnierung или Extraschutz е
единственото исправно решение за нега на површината.
Фабрички импрегнираните плочи не смеат да се
импрегнираат по втор пат.
Чистење со средство за чистење Cotto
24 часа после импрегнацијата може
да се започне со обработка на фугите. После 2 до 3 дена
облогата може да се чисти. Средството за чистење се
нанесува машински или рачно со сунѓер. После 5 минути
површината треба да се трие онолку долго, се додека се
создава пена. Потоа подлогата темелно да се измие со
чиста вода, како би се исчистиле цементните дамки и
цветања.
После завршената постапка површината околу 4 недели се
остава да се суши. За тоа време облогата треба да се
штити од нечистотии
Нега
на површината со восок за Cotto
Доколку за време на сушењето
повеќе не се појавуваат цветања може да се започне со
нега на површината. Восокот за Cotto да се нанесе и
втрие рачно со крпа. После неколку часа може да се
започне со полирање (рачно или со машина за полирање).
Во следните неколку дена восокот се стврднува и на
површината се формира цврст и отпорен слој восок.
Чистење
и нега со Cotto Wischpflege
Cotto Wischpflege е концентрат
средство за чистење и нега, кој се додава во водата за
чистење. Не се создаваат слоеви, туку на површината на
облогата остануваат состојки, кои служат за нега на
материјалот. Со тоа се олеснува следната постапка на
чистење, а се забрзува создавањето на патина. По секоја
следна постапка бојата и структурата станува се поубава.
Подобрување на сјајот со Cotto млеко за нега
Cotto млекото за нега се користи
за повремено подобрување на сјајот. Млекото содржи
додатоци за нега и создавање сјај, кои го одржуваат
заштитниот восочен слој.
Cotto
средство за чистење восок
Старите слоеви восок и
тврдокорните дамки може да се отстранат со Cotto
средство за чистење на восок.