Knauf Weltmarktführer in Gipsplatten      
 
Прва страница
Македонски | Shqip | Контакт | Мапа

 

Кнауф разви посебна програма на средства за нега на мермерот и природниот камен, кои се користат исклучиво за примена на такви површини.

Покрај ценетиот и стручно потврден квалитет, сите средства покажуваат посебно високо ниво на екологичност и нешкодливост. Ја претставуваме комплетната програма на Кнауф производите за чистење, заштита и нега на Вашите површини од мермер и природен камен.

 
 
 
Средство за чистење на мермер
За чистење на стари и нови површини. Отстранува нечистотија, лесни цементни дамки, цветања, масло, маснотии, стари средства за нега на подови и.т.н. Се препорачува за сите видови природен камен и за полиран мермер. Средството за чистење мермер не содржи киселини ни растворувачи, не гори, има благо базично својство, многу е издашно и има пријатен мирис. Зависно од видот на нечистотијата 1 литар е доволен за околу 5 до 20м2. За чистење на рапави површини - особено однадвор - се препорачува примена на Кнауф средството за чистење на цеметни дамки.

Импрегнација за мермер и природен камен
Се подобрува изгледот на површините од гранит, мермер, камен и.т.н. Се продлабочува структурата и бојата без создавање сјајни површини. Површината е заштитена неколку години, се намалува нејзината чувствителност, а се олеснува негата.
Импрегнацијата е погодна за внатрешна и надворешна примена. 1 литар е доволен за околу 5 до 10м2

Политура за мермер
За лесно полирање на сите истрошени и оптеретени површини. Местата без сјај и со гребнатини после неколкукратна примена помалку се воочуваат. Се нанесува со мека крпа. Им дава нов сјај на столбовите, прозорските клупи, масите и.т.н. Политурата за мермер содржи средства за нега и восоци. 1 литар е доволен за околу 10 м2.

Средство за нега на мермер
После секоја нова примена, површината добива поубава структура и боја. Не се создаваат слоеви, а притоа се олеснува следното пребришување на површината. Доволно е да се тури мала количина во водата за чистење. Средството содржи природни видови на сапун и подобрувачи за чистење. Има пријатен мирис и гарантира уреден изглед на подовите.

  назад


                  Knauf © 2010