Многу површини по одреден број
чистење остануваат бледи и без сјај. Со примена на
средствата за нега од програмата на Кнауф се создава
потполно нов сјај на подните или ѕидни површини.
Изберете го вистинското
средство за Вашите потреби.
Средство за нега на подови
Средство за нега на сите видови
подови од вештачки или природен камен, за плочи и плочки
надвор или внатре. Создава заштитен филм со свиленкаст
сјај, има висока отпорност на абење и не ги менува
својствата на подлогата. Средството се нанесува
неразредено со крпа. Веќе после 30 минути подот добива
свиленкаст сјај. 1 литар е доволен за околу 20м2.
Масло за
клинкер-керамика
За сите видови силно впивливи
подлоги како клинкер-керамика, глинени плочи и плочи од
керамика. Со примена на маслото површината добива
рустикална боја, која е заштитена од дамки и
поедноставно се одржува. Се нанесува со четка или крпа.
Да се остави маслото да се впие. Кај порозните подлоги
постапката треба после неколку дена да се повтори. 1
литар е доволен за 5 до 10 м2.
Импрегнација за камен
Се применува на сите видови плочи
од природен камен или бетон, на пр. испран бетон и.т.н.
Површините добиваат безбојна импрегнација со свиленкаст
сјај. Се подобрува бојата и структурата на подовите, се
постигнува впечаток на „влажен под“ . Импрегнацијата да
се нанесе со четка во мали количини и да се остави да се
исуши. 1 литар е доволен за 5 до 10м2.